Сандерс се повлече, Џо Бајден единствен претседателски кандидат на Демократите

Како што се истакнува Берни Сандерс на одржаната видеоконференција со екипата донел одлука за суспендирање на кампањата за претседателските избори

1394473
Сандерс се повлече, Џо Бајден единствен претседателски кандидат на Демократите

Берни Сандерс се повлече од трката за кандидат од Демократската партија за претседателските избори закажани за 3 ноември во Соединетите Американски Држави (САД).

Во објавеното соопштение од екипата на кампањата за претседателска номинација од Демократската партија се истакнува дека Сандерс на одржаната видеоконференција со екипата донел одлука за суспендирање на кампањата за претседателските избори.

Со повлекување на Берни Сандерс од трката, кој инаку долго време ја водеше кампањата како фаворизиран кандидат на Демократите, поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден остана како единствен кандидат од таборот на Демократите.

Демократската партија во неделата на 17 август во градот Милвоки во сојузната држава Висконсин официјално ќе го соопштат својот кандидат за претседател на САД за изборите закажани за 3 ноември оваа година.

Конгресот на Републиканската партија на кој пак, актуелниот претседател Доналд Трамп ќе биде претставен официјално за кандидат ќе се одржи од 24 до 27 август во градот Шарлот во сојузната држава Северна Каролина.



Слични вести