Бројот на смртните случаи во светот се зголеми на 87 илјади лица

Бројот на заразените изнесува над 1,5 милион пациенти

1394179
Бројот на смртните случаи во светот се зголеми на 87 илјади лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на 87 илјади, додека на заразените изнесува над 1,5 милион пациенти.

Бројот на смртните случаи во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 524, и изнесува 17 669 лица. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 95 262 илјади пациенти. Според информациите кои беа објавени во медиумите, владата по 13 април размислува за постепено отворање на некои фабрики и продавници.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 541 и изнесува 10 869 лица. Бројот на заразените достигна со раст од 3 881 се зголеми на 112 950 пациенти. Бројот на граѓаните кои останаа без работа се зголеми на 6,3 милиони луѓе.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Британија се зголеми за уште 938 и изнесува 7 097. Бројот на заразените се зголеми за 5 492 и изнесува 60 733 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 Шведска изнесува 687, додека бројот на заразените се зголеми на 8 419.



Слични вести