Бројот на смртните случаи во Кина се зголеми на 3 335

Новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Саудиска Арабија беше утврден кај 150 членови на кралското семејство меѓу кои валијата на Ријад, Фајсал бин Бандар бин Абдулазиз Сауд

1394483
Бројот на смртните случаи во Кина се зголеми на 3 335

Денес бројот на смртните случаи во светот од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) изнесува над 87 илјади, бројот на заразените над 1,5 милион, додека на оздравените пациенти над 330 илјади.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Кина од Ковид-19 се зголеми за уште 2 илјади. На тој начин вкупниот број на смртни случаи од денот кога се појави епидемијата од ковид-19 во оваа земја до денес, бројот на смртните случа се зголеми на 3 335,бројот на заразените на 81 865, додека бројот на оздравените изнесува 77 370 пациенти.

Бројот на смртните случаи во Иран инесува 3 993, додека на заразените 64 586. Еден 100 годишен пациент во провинцијата Елбурз (Алборз) кој беше заразен и се лекуваше од Ковид-19, беше излекуван и пуштен од болница.

Бројот на смртните случаи во Јужна Кореја изнесува 20, додека на заразените 10 423 пациенти. Само во оследните 204 часа во оваа земја беа утврдени 39 нови случаи на инфектирање и тоа е најниска стапка од 20 февруари наваму.

Бројот на смртните случа во Израел од Ковид-19 се зголеми на 73 лица. Според преходните податоци кои беа објавени од страна на Министерството за здравство на оваа земја, бројот на инфектирани од Ковид-19 изнесува 9 404, додека бројот на оздравените 801 лице.

Бројот на заразените од Ковид-19 во Малезија изнесува над 4 илјади.

Новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Саудиска Арабија беше утврден кај 150 членови на кралското семејство на оваа земја меѓу кои валијата на Ријад, Фајсал бин Бандар бин Абдулазиз Сауд.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Египет се зголеми на 103, во Мароко на 93, во Алќир на 205, во Ирак на 69 лица.

И во Сомалија беше забележан првиот смртен случај од Ковид-19.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, досега на овој континент се забележани 10 420 случаи на инфектирање, додека бројот на смртните случаи се зголеми на 517.

Во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19 во Либерија беше прогласена вонредна состојба.



Слични вести