Здравствената состојба на Џонсон е стабилна

Тестот на премиерот Џонсон на 27 март, кој имаше симптоми на висока температура и кашлање беше позитивен

1393687
Здравствената состојба на Џонсон е стабилна

Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон кој беше инфектиран од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е стабилна.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за здравство на Велика Британија беше истакнато дека здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон е стабилна и му се врати расположението.

Тестот на премиерот Џонсон на 27 март, кој имаше симптоми на висока температура и кашлање беше позитивен.

Од тогаш па се до денес 55 годишниот Џонсон се самоизолираше и на видеоснимката што ја објави на 3 април рече:

„Сеуште имам температура, поради што согласно препораката на владата, треба да продолжам со самоизолацијата се додека не исчезнат симптомите.“

Џонсон во неделата навечер беше префрлен на хоспитализација во болница бидејќи здравствената состојба му беше влошена.



Слични вести