Продолжуваат нападите и судирите во Авганистан во кои има голем број загинати и ранети

Продолжуваат нападите и судирите во Авганистан во кои, според добиени информации има голем број загинати и ранети меѓу кои пак освен припадници на безбедносните сили има и цивили и припадници на талибанските милитанти

1394029
Продолжуваат нападите и судирите во Авганистан во кои има голем број загинати и ранети

Во извршен минофрлачки напад врз населеното место Даман во провинцијата Кандахар во Авганистан животот го загубија 3 деца, а 9 деца се ранети.

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Кандахар Џемал Барикзеј истакна дека истрелана минофрлачка граната од непознато место врз населеното место Даман паднала врз една куќа.

Велејќи дека во нападот животот го загубија 3 деца, Барикзеј рече дека во нападот се ранети и 9 деца.

Барикзеј  напомена дека се истражува од чија страна е извршен минофрлачкиот напад.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Од друга страна, талибанските милитанти во провинцијата Белх во северниот дел на Авганистан киднапираа и убија 7 цивили.

Талибанските милитанти киднапираа 7 цивили од селото Черхаи Нахр-и Сурх во населеното место Шолгара во провинцијата Белх кои потоа ги стрелаа. Соопштено е дека еднипот од убиените било дете.

Воедно двајца цивили загинаа и во реализираниот напад од страна на талибанските милитанти во населеното место Дере-и Суф Бала во провинцијата Саманган во северниот дел на Авганистан.

Надлежни на полицијата во Саманган истакнаа дека во реализираниот напад на талибанските милитанти врз селата Пас Кол и Чармагзак кај Дер-и Суф Бала загинаа двајца цивили, а 5 мина се ранети. 

Велејќи дека по нападот дојде до судир помеѓу авганистанските безбедносни сили и талибанските милитанти при што се убиени 15 милитанти, а 22-јца се ранети, истите надлежни нагласија дека нападот на талибанските милитанти беше одбиен.

Од страна на Талибан не е објавено соопштение во врска со прашањето.



Слични вести