Предупредување од ИЛО: Кризата со Ковид-19 ќе стане причина да останат без работа 195 милиони лица

Генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер предупреди дека поради кризата со Ковид-19 се очекува во периодот до месец јуни да се укине 6,7 отсто од работното време на глобално ниво што значи дека ќе останат без работа 195 милиони лица со полно пработно време

1393371
Предупредување од ИЛО: Кризата со Ковид-19 ќе стане причина да останат без работа 195 милиони лица

Меѓународната организација за труд (ИЛО) соопшти дека кризата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот Ковид-19 ќе стане причина да останат без работа 195 милиони лица со полно работно време.

Генералниот директор на Меѓународната организација за труд (ИЛО) Гај Рајдер на одржаната прес конференција во Женева преку видеоконференција го достави следното предупредување: „Работниците и претпријатијата како во развиените земји, така и во земјите во развој се соочуваат со катастрофа. Треба да делуваме брзо, одлучно и заедно. Правилните и итни мерки можат да доведат до разлики помеѓу опстанокот и колапсот.“

Рајдер информира дека според извештаите на ИЛО, поради Ковид-19 во глобалната работна сила повеќе од 4 од секои 5 лица живеат во места кадешто доаѓа до целосно или делумно затворање на работните места.

Гај Рајдер нагласи дека се очекуваат големи загуби кај групи со различни примања и тоа особено во земјите со високи и средни приходи.

Предупредувајќи дека поради кризата со Ковид-19 се очекува во периодот до месец јуни да се укине 6,7 отсто од работното време на глобално ниво, Рајдер рече дека тоа значи оти ќе останат без работа 195 милиони лица со полно пработно време.

Инаку, во извештајот на Меѓународната организација за труд (ИЛО) се истакнува дека од очекуваната глобална загуба на работа на 195 милиони лица во вториот квартал од годината 125 милиони лица ќе останат без работа во азиско-пацифичкиот регион, а воедно се додава дека заедно со тоа кинеските фирми почнаа да работат. 

Меѓународната организација за труд (ИЛО) при Обединетите нации (ОН) во своето објавено соопштение на 18 март истакна дека поради епидемијата на Ковид-19 заклучно со крајот на 2020 година својата работа би можеле да ја изгубат приближно 25 милиони во светот.



Слични вести