Повик од Карадаги за пуштање на слобода на политичките затвореници во арапските земји

Генералниот секретар на Светската унија на муслиманските научници Али ал-Карадаги на својот профил на Твитер го напиша следното: „Бараме веднаш да бидат пуштени на слобода сите затвореници, а пред се особено политичките затвореници во арапските земји“

1393482
Повик од Карадаги за пуштање на слобода на политичките затвореници во арапските земји

Генералниот секретар на Светската унија на муслиманските научници Али ал-Карадаги во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер побара веднаш да бидат пуштени на слобода политичките затвореници во арапските земји.

Карадаги го напиша следното: „Бараме веднаш да бидат пуштени на слобода сите затвореници, а пред се особено политичките зтавореници, кои се наоѓаат во затворите на арапските тирани/угнетувачи.“

Велејќи дека меѓу затворениците освен исламски научници се наоѓаат и здравствени работници, лекари и медицински сестри, од чие знаење, искуство и труд има потреба поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19),  Карадаги ја читаше довата (молитвата) „Господе, не нѐ уништувај поради она што го прават деспотите и тираните.“



Слични вести