Одговор од Светската здравствена организација на обвинувањата на американскиот претседател Трамп

Стефан Дујарич на обвинувањата на Трамп одговори со зборовите дека Светската здравствена организација (СЗО) прави огромни (извонредни) работи и им дава поддршка на земјите по прашањето на борбата против епидемијата на Ковид-19

1393367
Одговор од Светската здравствена организација на обвинувањата на американскиот претседател Трамп

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич, на одржаниот состанок за претставниците на печатот преку видеоконференција одговори на острите критики коишто беа изнесени од страна на амеирканскиот претседател Доналд Трамп против Светската здравствена организација (СЗО).

На обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп кој истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) е неуспешна во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Дујарич одговори со зборовите дека Светската здравствена организација (СЗО) под водство на Тедрос Аданом Гебрејесус прави огромни (извонредни) работи и им дава поддршка на земјите по прашањето на борбата против епидемијата на Ковид-19.

Дујарич рече дека организацијата ја покажува силата на меѓународниот здравствен систем.

Велејќи дека Светската здравствена организација (СЗО) ја „утна работата“, американскиот претседател Доналд Трамп, ја критикуваше и ја обвини организцаијата со зборовите: „И покрај тоа што Светската здравствена организација (СЗО) во голема мера е финансирана од САД, таа и понатаму е фокусирана на Кина. Ќе го разгледаме тоа. Дорбо е што не сум ги прифатил нејзините препораки да ги држиме отворени границите со Кина. Зошто ли ни доставија еден ваков погрешен предлог?“



Слични вести