Ковид-19 во светот: Над 82.000 починати, над 1,4 милиони заразени и над 300.000 излекувани лица

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст од 604 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 17.127 лица, а на случаите на зараза на 94.067

1393356
Ковид-19 во светот: Над 82.000 починати, над 1,4 милиони заразени и над 300.000 излекувани лица
italya kovid korona.JPG
italya koronavirus.jpg
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya kovid korona.JPG
ispanya_koronavirüs (7).jpg
ispanya_koronavirüs (5).jpg
koronavirüs fransa covid-19 intihar AA.jpg
Koronavirüs Fransa 2.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
koronavirüs ABD.jpg
Koronavirüs ABD Gemi.1.jpg
Koronavirüs ABD.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 82 илјади, а на случаите на зараза 1 милион и 433 илјади лица

Досега од болеста се излекувани и оздравеа над 302 илјади лица.

Во Италија, бројот на починатите од коронавирусот со раст од 604 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 17.127 лица. Од болеста животот го загубија и 94 лекари и 26 медицински сестри, додека бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 94.067 лица. Катар ѝ испрати 2 полски болници на Италија, за поддршка на борбата што ја води оваа земја против епидемијата на Ковид-19.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Шпанија во последните 24 часа со раст за уште 757 лица се зголеми на 14.555.

Во Франција со смртта за еден ден на уште 1.427 лица што претставува и најголема бројка на човечки загуби за само еден ден, вкупната бројка на починатите се искачи на 10.328 лица, додека на случаите на зараза на 109.069 лица. Соопштено е дека бродот носач на авиони „Шарл Де Гол“ кој се наоѓа во Атлантскиот Океан поради дијагностицирани околу 40 заразени лица од персоналот на 23 април ќе се врати во земјата.

Во Германија кадешто починаа над 2 илјади лица, во последните 24 часа со регистрирани уште 4.284 лица бројот на случаите на зараза се зголеми на 107.659. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија во последните 24 часа со раст за уште 786 лица се зголеми на 6.159. Овој раст во бројот на починатите претставува највисока бројка на регистрирани смртни случаи за еден ден досега, а воедно и бројот на случаите на зараза со раст од 3.634 се зголеми на 55.242 лица.

Во Холандија бројот на човечките загуби се зголеми на 2.428 лица, а на утврдените случаи на зараза на 20.549. Од добиена зараза на овиот тип на коронавирус (Ковид-19) излекувана е и една 107 годишна жена сместена во старечки дом.

Бројот на смртните случаи од вирусот во Белгија се зголеми на 2.240, а на заразените лица на 23.403 лица. Белгиската Централна банка соопшти дека бруто домашниот производ (БДП) оваа година поради Ковид-19 би можел да опадне за 8 отсто.

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се потврдени 5 нови смртни случаи од коронавирусот со што вкупната бројка на починати се искачи на 26 лица. Потврдени се и 29 нови позитивни случаи со што вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 599. Исто така направени се уште 386 теста и вкупниот број на направени тестирања за Ковид-19 во земјата се зголеми на 5.879. 

Бројките на смртните случаи и на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во балканските земји и некои европски земји е вака:

Во Србија 61/2.447, Австрија 273/12.734, Полска 136/5.000, Португалија 380/13.141, Шведска 687/8.419, Швајцарија 858/22.789, Романија 201/4.761, Данска 218/5.386, Финска 40/2.487, Унгарија 58/895, Хрватска 19/1.343, Словенија 40/1.091, Босна и Херцеговина 33/794, Албанија 22/400, Црна Гора 2/248, Бугарија 23/581, Косово 4/165, Малта 0/299, Чешка 0/5.000.

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на починатите од епидемијата за еден ден се зголеми за уште 918 лица и достигна до 12.911, а случаите на зараза со раст за 31.510 се искачи на 399.886 лица. На прво место по бројот на смртните случаи продолжува да се наоѓа Њујорк кадешто досега починаа 4.758 лица.

Во Австралија бројот на смртните случаи поради епидемијата се зголеми на 50, а на случаите на зараза на над 6.000 лица. 

Во латиноамериканската држава Мексико бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 125 лица, додека бројот на утврдените случаи на зараза во земјата се искачи на 2.439.

Во Бразил како најмногу погодена меѓу латиноамериканските земји, бројот на починатите од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 122 лица и достигна до 686, а од вирусот се заразени 14.018 лица.

Билансот од пандемијата Ковид-19 е тежок и во земјите на Карибите.

Според објавеното соопштение од Министерството за здравство на Доминиканската Република, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа со раст од уште 12 лица се зголеми на 98, а на случаите на зараза на 1.956 лица.

Во објавеното соопштение од Министерството за народно здравје на Куба пак, се истакнува дека бројот на починатите во последните 24 часа се зголеми за уште 2 лица и достигна до 11, а на дијагностицираните со Ковид-19 се искачи на 396 лица.

Во јужноафриканската држава Еквадор, како што се соопштува во градот Гуајагуил кој се наоѓа во карантин и е најмногу погоден од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од куќите и болниците во последната една недела се собрани 500 мртви. Вирусот Ковид-19 во Еквадор досега одзеде 191 живот, а бројот на дијагностицирани лица изнесува 3.747 лица.



Слични вести