Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во источните земји и во земјите во Африка

Бројот на починатите од коронавирусот во Иран во последните 24 часа со раст за уште 133 лица се зголеми на 3.872 лица, а на случаите на зараза на 62.589

1393366
Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во источните земји и во земјите во Африка
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
iran kovid korona.jpg
iran koronavirus.jpg
iran-corona.jpg
iran koronavirus.jpg
iran korona kovid.JPG
vuhan wuhan.JPG
Korona Senegal 2.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 80 илјади, на случаите на зараза 1 милион и 400 илјади лица, а на оздравените пациенти изнесува над 300 илјади лица.

Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во источните земји и во земјите во Африка.

Во Кина во последните 24 часа за прв пат не е регистриран смртен случај, додека бројот на случаите на зараза достигна до 81.740 лица. Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина во голема мера е ставена под контрола.

Во градот Вухан во провинцијата Хубеј во Кина кадешто се појави епидемијата и оттука со голема брзина се прошири низ светот, е укинат карантинот кој се спроведува 76 дена. Кинески надлежни соопштија дека граѓаните на Вухан кадешто живеат приближно 11 милиони жители ќе можат да излегуваат од градот без дозвола.

Бројот на починатите од коронавирусот во Иран се зголеми на над 4 илјади лица, а на случаите на зараза на приближно 63 илјади.

Во Јапонија животот го загубија 109 лица, додека вкупната бројка на случаите на зараза од Ковид-19 заедно и со оние во последните 24 часа се зголеми на над 5.500 лица.

Во меѓувреме, јапонскиот премиер Шинзо Абе соопшти дека доколку народот ги почитува правилатана владата за спречување на ширењето на коорнавирусот вонредната состојба би можела да се укине во рок од еден месец. Вонредната состојба којашто е воведена вчера и ги опфаќа главниот град Токио и градовите Канагава, Саитама, Чиба, Осака, Хјуго и Фукуока се планира да заврши на 6 мај.

Во Јужна Кореја бројот на смртните случаи се зголеми на 200 лица, а на случаите на зараза на 10.384.

Во Русија се соопштени најголем број случаи на зараза за еден ден и досега се утврдени 1.175 новозаразени. 

Бројот на починатите од Ковид-19 во Израел се зголеми на 71, а на случаите на зараза на 9.404 лица.

Во Саудиска Арабија кадешто бројот на починатите се искачи на 41 лице, а на случаите на зараза на 2.795, министерот за здравство Тевфик ер-Рабиа истакна дека во наредните недели се очекува бројката на случаите на зараза од новиот тип коронавирус се предвидува да се движи помеѓу најмалку 10 илјади и најмногу 200 илјади лица. 

Во Тунис досега животот го загубија 22 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 596 лица.

Во меѓувреме, тунискиот министер за внатрешни работи Хишам ел-Мешиши истакна дека лицата кои ја прекршуваат примената на карантин којашто започна во склопот на мерките за борба против новиот тип коронавирус би можеле да им се суди за извршено кривично дело „ранување од небрежност па дури и убивање од небрежност“.

Во Сенегал кадешто има два смртни случаи и од почетокот на минатиот месец досега се регистрирани 237 случаи на зараза, исто така 105 лица се излекувани.

Во Того од Ковид-19 животот го загубија 3 лица, а се утврдени 65 случаи на зараза меѓу кои се наоѓаат и две три годишни деца.

Во Брегот на Слоновата Коска има тројца починати, а од 323 регистрирани случаи на зарза од Ковид-19 досега оздравеа 41 лице.

Сомалија кадешто досега се утврдени 8 случаи на зараза и која своите тестови за дијагноза на сомнителните од новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги испраќаше во странство, ја формира својата сопствена лабораторија за дијагноза на вирусот.

Во Етиопија починаа 2 лице, регистрирани се 52 случаи на зараза, а исто така е соопштено дека во рамките на борбата против Ковид-19 е воведена вонредна состојба во земјата.



Слични вести