ЕУ објави пакет за помош на партнерските земји во износ од 15,6 милијарди долари

Вирусот не познава граници. Имаме потреба од силна меѓународна соработка против ова глобално искушение.

1394051
ЕУ објави пакет за помош на партнерските земји во износ од 15,6 милијарди долари

Европската унија (ЕУ) во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) објави пакет за финансиска помош на партнерските земји во износ од 15,6 милијарди евра.

Во писменото соопштение коешто беше објавено од страна на Европската комисија (ЕК) беше истакнато дека одлуката беше усвоена лично од страна на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и дека основната цел на одлуката е пружање поддршка на сите партнерски земји во текот на здравствената криза.

Во соопштението меѓудругото се истакнува дека финансиската помош во износ од 15,6 милијарди евра има за цел истражување на водените и хигиенските системи, поддржување на подготвителните капацитети и намалување на социо-економските влијанија на епидемијата, од кои 3,25 милијарди евра се наменети за партнерските земји во Африка, 3,8 милијарди за партнерските Западнобалкански земји.

Во соопштението беше објавена и изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лејен која рече:

„Вирусот не познава граници. Имаме потреба од силна меѓународна соработка против ова глобално искушение“.

Вон дер Лејен во продолжение потенцираше дека во рамките на борбата против Ковид-19, ЕУ наскоро ќе одигра шредводничка улога во одржувањето на „гаранторска конференција со која се предвидува поддршка на Светската здравствена организација“.

Во меѓувреме, ЕУ поради коронавирусот укина некои правила за конкуренција и на фармацевтските фирми и компании им дозволи ограничена соработка.



Слични вести