Признание од ЕУ дека поддршката на Италија не беше доволна

Одговорот на почетокот на барањето на Италија од другите земји членки на ЕУ за помош и поддршка во борбата против Ковид-19 беше недоволна. Сега Италија веќе не е сама.

1393200
Признание од ЕУ дека поддршката на Италија не беше доволна

Јанез Ленарчич, членот на Еврокомисијата одговорен за управување со кризи рече дека земјите членки на ЕУ беа недоволни на почетокот на барањето на Италија за помош и поддршка на Италија во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

На прес конференцијата во Брисел, Ленарчич рече дека една екипа составена од медицински сестри и доктори од Романија и Норвешка, од страна на ЕУ беа насочени кон градовите Милано и Бергамо, кои најмногу потпаднаа под неповолното влијание на Ковид-19.

„Одговорот на почетокот на барањето на Италија од другите земји членки на ЕУ за помош и поддршка во борбата против Ковид-19 беше недоволна. Сега Италија веќе не е сама.

Во рамките на борбата против Ковид-19 се активира и сателитот за набљудување Коперник. На тој начин Италија во текот на итна состојба со Ковид-19 ќе има можност да ги следи здравствените можности и капацитети како и јавните места и истите да ги мапира“ рече Ленарчич.



Слични вести