Предлогот на Трамп за употреба на лекот против маларијата предивика несогласување меѓу експертите

Антони Фауџи кој важи за еден од најзначајните членови на групата Здружени сили за борба против Ковид-19 рече дека се недоволни истражувањата во врска со наведениот лек посочувајќи дека Белата куќа треба да има повнимателен став

1392942
Предлогот на Трамп за употреба на лекот против маларијата предивика несогласување меѓу експертите

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на лекот против маларијата во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), а кој го оцени како лек кој наводно „отвора нова епоха“ предивика несогласување меѓу експертите на Белата куќа.

Според веста на интернет порталот „Аксиос“, меѓу членовите на Групата за борба против Ковид-19 кои во саботата се состанаа во Белата куќа, дојде до големи и сериозни дискусии во врска со лекот „хидроксихлорокин“ за кој Трамп често говори и го спомнува.

Советникот за трговија на Белата куќа Петер Наваро на дневниот ред на состанокот го изнесе досието од едно истражување кое ги поддржува изјавите на Трамп дека лекот дава позитивни резултати во лекувањето на Ковид-19.

Наваро меѓудругото го бранеше ставот дека е правилна одлуката за складирње на овој лек од страна на САД и испраќање во подрачјата кои најмногу се погодени од епидемијата на Ковид-19.

Врз база на ова изнесување, директорот на Интситутот за национална алергија и заразни болести доктор Антони Фауџи кој важи за еден од најзначајните членови на групата Здружени сили за борба против Ковид-19 рече дека се недоволни истражувањата во врска со наведениот лек посочувајќи дека Белата куќа треба да има повнимателен став.

Фауџи во своето излагање истакна дека за докажување на поволното влијание на лекот врз Ковид-19 се налага потреба од уште низа тестови, поради што во просоријата каде што се одржа состанокот дојде до зголемување на тензиите.

Додека група научници од екипата на Белата куќа го поддржа Наваро, другата група го бранеше Фауџи дека е во право од аспект на своето мислење.



Слични вести