Меркел: „ЕУ се соочува со најголем тест од самото формирање“

Ако состојбата на Европа е добра тогаш и состојбата на Германнија ќе биде добра, а тоа ќе биде можно со посилна Европа

1392617
Меркел: „ЕУ се соочува со најголем тест од самото формирање“

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека поради епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ЕУ се соочува со најголем тест од самото формирање.

Меркел во изјавата на прес конференцијата во зградата на Владата рече дека епидемијата на Ковид-19 неповолно се одрази врз сите земји членки на ЕУ.

„Според тоа, ЕУ се соочува со најголем тест од самото формирање. Европа треба да излезе посилна од оваа криза и тоа ќе биде во корист на сите земји.

Ако состојбата на Европа е добра тогаш и состојбата на Германнија ќе биде добра, а тоа ќе биде можно со посилна Европа.

Земјите коишто имаат иста валута потпаднаа под поголемо неоволно влијание на кризата. Затоа од министрите за финансии на земјите членки на Еврогрупата бараме предлози во врска со мерките коишто би можеле да се преземат во овој кризен период.

Во продолжение канцеларката Меркел рече дека Евопа се соочува со недостиг на маски поради што истите треба да се произведуваат во Германија или Европа.

Германија претежно се придржува кон мерките кои беа преземени за спреување на епидемијата на Ковид-19 и му се заблагодарувам на германскиот народ рече Меркел и додаде дека сеуште е рано да се каже нешто пококретно во врска со укинувањето на истите.



Слични вести