Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 1 милион 331 илјада пациенти

Бројот на оздравените изнесува 275 илјади пациенти

1392602
Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 1 милион 331 илјада пациенти

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на 74 илјади, додека на заразените изнесува над 1 милион 331 илјада пациенти. Бројот на оздравените изнесува 275 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 636, од кои 8 доктори и изнесува 16 532 лица. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 133 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 833 и изнесува 8 911 лице. Бројот на заразените достигна 98 010 илјади пациенти, додека на оздравените изнесува 17 250.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Британија се зголеми за уште 439 и изнесува 5 373. Бројот на заразените се намали на 3 802, додека вкупниот број на заразени изнесува 51 608 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 Данска изнесува 187 и луѓето се враааат кон нормланиот живот. Во рамките на мерките против епидемијата во оваа земја, градинките кои беа затворени од 11 март наваму, ќе се отворат на 15 април.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во САД изнесува над 10 илјади, додека бројот на заразените се зголеми на 347 илјади пациенти.



Слични вести