Земјотрес со јачина од 6,1 степен во Индонезија

Нема информации за човечки загуби или повредени и дали е причинета материјална штета во земјотресот, а исто така не е издадено и предупредување за цунами од страна на Пацифичкиот центар за предупредување од цунами

1392128
Земјотрес со јачина од 6,1 степен во Индонезија

Во провинцијата Северно Малуку во Индонезија се случи земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 122 километри северозападно од градот Жаилоло во областа Западна Халмахера во провинцијата Северно Малуку и бил на длабочина од 10 километри.

Нема информации за човечки загуби или повредени и дали е причинета материјална штета во земјотресот.

Исто така не е издадено и предупредување за цунами од страна на Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.

Во земјотресот што ја погоди престолнината на провинцијата Северно Малуку, Амбон, на 26 септември минатата година со јачина од 6,8 степени според Рихтер, животот го загубија 36 лица.



Слични вести