Во САД поради епидемијата на коронавирусот откажани сите спортски активности

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека посакува гледачите повторно да дојдат на стадионите и во спортските сали и дека очекува за што е можно поскоро време да започнат спортските натпревари во земјата

1391817
Во САД поради епидемијата на коронавирусот откажани сите спортски активности

Во Соединетите Американски Држави (САД) поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се откажани сите спортски активности.

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа средба преку видеоконференција со претставниците на професионалните спортски лиги во земјата и притоа истакна дека се водат активности за завршување на сезоната во спортските гранки, меѓутоа напомена дека тоа не може да се направи без да се стави под контрола епидемјата.

Велејќи дека посакува гледачите повторно да дојдат на стадионите и во спортските сали, Трамп рече дека очекува за што е можно поскоро време да започнат спортските натпревари во земјата. 

Американскиот претседател Доналд Трамп на сортските претставници им се обрати со зборовите „Посакуван навивачите да се вратат на арените... Отворено кажано секој во најското време посакува да ги гледа спортовите кон кои покажува инересирање и кои ги следи. Сакаат да ги гледаат натпреварите во кошарка, безбол, фудбал и хокеј на мраз. Сакаа да излезат на терените за голф и да дишат убав, свеж и чист воздух.“



Слични вести