Силите на либиската Влада погодиле воен авион кој превезувал муниција за милициските сили на Хафтар

Воените единици на Владата на национално единство на Либија, во близина на градот Терхуне, јужно од главниот град Триполи, погодиле воен авион кој првезувал муниција за милициските сили на Халифа Хафтар

1392116
Силите на либиската Влада погодиле воен авион кој превезувал муниција за милициските сили на Хафтар

Воените единици на Владата на национално единство на Либија соопштија дека е погоден воен авион кој превезувал муниција за милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Во објавеното соопштение од страна на портпаролот на единиците на Владата на национално единство потполковник Мухамед Конуну и кое беше објавено и на профилот на социјалната мрежа Фејсбук на прес-центарот на операцијата Вулкан на гневот којашто се спроведува од страна на Владата на национално единство, се истакнува дека воениот авион кој превезувал муниција бил погоден од страна на силите на либиската влада откако слетал во близина на градот Терхуне, јужно од главниот град Триполи.

Инаку, портпаролот на операцијата Вулкан на гневот Мустафа ал Меџи во своето претходно соопштение истакна дека владините сили постигнаа напредок против милициските сили на Халифа Хафтар, во областите Ајн Зара и Вади ер Раби, јужно од главниот град Триполи.



Слични вести