Ковид-19: Бројот на починатите во светот достигна до 70 илјади, над 1,2 милиони лица се заразени

Во Италија, во последните 24 часа со смртта на уште 525 лица бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 се зголеми на 15.887, а на случаите на зараза се искачи на 91.246 лица

1391708
Ковид-19: Бројот на починатите во светот достигна до 70 илјади, над 1,2 милиони лица се заразени
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya tabut.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
almanya koronavirüs.jpg
Korona İngiltere 2.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 70 илјади, а на случаите на зараза се зголеми на над 1 милион 285 илјади лица. Досега од болеста се излекувани над 256 илјади.

Во Италија, во последните 24 часа со смртта на уште 525 лица бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 се зголеми на 15.887. Оваа бројка е регистрирана како најниска бројка на починати за еден ден од 19 март досега. Бројот на случаите на зараза во земјата се искачи на 91.246 лица.

104-годишниот Италијанец Ада Занусо кој живее во градот Биела кој исто така беше заразен со Ковид-19 ја победи болеста и оздраве. Занусо кој беше заразен и во епидемијата којашто се појави во 1918-1920 година успеа да ја победи и таа епидемија. 

Во Шпанија процентот на раст во бројот на починатите од Ковид-19 четири дена по ред како се намалува. Во последните 24 часа се утврдени 637 случаи на смрт со што вкупниот број на починатите достигна до 13.055 лица. Бројот на случаите на зараза во Шпанија исто така е со тренд на намалување и во последните 24 часа со раст од 6.023 новозаразени вкупната бројка на дијагностицирани пациенти се зголеми на 130.759 лица. Бројот на досега излекуваните пациенти изнесува 38.080 лица.

Во Франција, која е во положба на четврта земја по бројот на смртните случаи, бројот на починатите од новиот тип коорнавирус (Ковид-19) се зголеми на 8.093 лица. Според објавеното соопштение од француското министерство за здравство, бројот на дијагностицираните пациенти со Ковид-19 во последните 24 часа со раст од 1.873 лица достигна до вкупно 70.478, додека заедно и со 22.361 дијагностициран пациент во домовите за старци, вкупната бројка на случаите на зараза во земјата изнесува 93.780 лица.

Во Велика Британија бројот на починатите од новиот тип коронавирус се зголеми на 4.934 лица, а на случаите на зараза на 47.806. Британскиот премиер Борис Џонсон кој беше позитивен на Ковид-19 и продолжува да има симптоми на болеста на препорака на неговиот лекар превентивно е хоспитализиран. Како што е соопштено Џонсон продолжува да има висока температура и кашлица. Џонсон ноќта ја помина во болница и како што се вели ќе биде подложен на низа тестови и денеска.

Во меѓувреме, британската кралица Елизабета Втора го одржа своето петто обраќање до нацијата за време на својата приближно 70 годишна династија и притоа рече дека доколку се покаже одлучност ќе се постигне успех во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

„Ќе успееме и тој успех ќе му припаѓа на секој од нас. И покрај тоа што постои можност да бидеме приморени да издржиме повеќе, треба да бидеме спокојни знаејќи дека повторно ќе дојдат подобри денови. Повторно ќе бидеме со нашите пријатели, ќе бидеме со нашите фамилии, ќе се сретнеме повторно“.

Во Холандија бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 101 лице во последните 24 часа, се зголеми на 1.867, а на случаите на зараза со раст од 952 се искачи на 18.803 лица.

Бројот на смртните случаи во Белгија се зголеми на 1.632 лица, а на случаите на зараза на 20.814.

Во Германија бројот на починатите се зголеми на над 1.500 лица, а вкупниот број на случаите на зараза достигна до 100.132 лица. Донесена е одлука за зголемување двократно на бројот на креветите во болниците во земјата.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Соединетите Американски Држави (САД) со уште 1.151 починато лице во последните 24 часа се зголеми на 9.654 лица, а на случаите на зараза со раст за 25.722 лица се покачи на 336.830. Американскиот претседател Доналд Трамп рече „Почнавме да го гледаме светлото на крајот на тунелот“ и истакна дека се складирани приближно 29 милиони дози хидроксихлорокин. Информирајќи дека се направени тестови на 1 милион 670 илјади Американци, Трамп рече: „Федералната влада денеска во Њујорк ќе испрати 600 илјади маски“.  Освен тоа претседателот Доналд Трамп го рече и следното: „САД ќе достигнат до страотна точка во човечките загуби. Меѓутоа, од таа точка работите ќе почнат да се подобруваат.“ Од друга страна, позитивен тест на Ковид-19 доби и Брет Крозиер, капетанот на американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт.

Во Северна Македонија заедно со уште еден потврден смртен случај од вирусот Ковид-19 вкупниот број на починати се зголеми на 18 лица.

Министерството за здравство соопшти дека за 24 часа во земјата се регистрирани 72 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 изнесува 555 лица, а досега се излекувани 22 лица

Од Министерството воедно информираат дека во изминатото деноноќие се направени уште 371 тест, а досега во земјата се направени вкупно 5.291 тестови на Ковид-19.

Во Романија бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 148 лица, а на случаите на зараза на 3.864.

Во Грција има 70 починати и 1.673 дијагностицирани пациенти.

Бројот на починатите во Србија се зголеми на 51 лице, а на случаите на зараза на 1.908 лица.

Во Словенија бројот на човечките загуби од Ковид-19 се искачи на 28, а се регистрирани 997 случаи на зараза. Во земјата е утврден Ковид-19 кај 156 здравствени работници, додека досега оздравеа 79 лица. 

Бројот на смртните случаи во Хрватска изнесува 15 лица, а се дијагностицирани 1.182 лица од кои едно 4 месечно бебе.

Во Босна и Херцеговина од коронавирусот досега починаа 21 лице, а бројката на заразени се зголеми на 651.

Во Бугарија има 18 починати и 522 утврдени случаи на зараза.

Во Црна Гора досега од Ковид-19 починаа 2 лица, а се дијагностицирани 203 пациенти.

Човечките загуби во Албанија достигнаа до 20 лица, случаите на зараза се зголемени на 361 лице, додека досега болеста ја победија и оздравеа 104 лица.

Во Косово од новиот тип коронавирус (Ковид-19) почина едно лице, а се дијагностицирани 140 заболени лица.

Бројот на починатите во Австралија, се зголеми на 39 лица, а на случаите на зараза на 5.750 лица.

Во Канада на крајот на неделата кон смртните случаи од Ковид-19 во земјата се додадени уште 99 починати со што вкупната бројка на човечките загуби од 208 се зголеми на 307 лица. Бројот на случаите на зараза пак, од досегашните 12.375 се зголеми на 15.512 лица. 

Во меѓувреме, се регистрирани првите смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и на Хаити, островска држава на Карибите.



Слични вести