Бројот на починатите од Ковид-19 во Иран се зголеми на над 3.600 лица, а над 58 илјади се заразени

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 3.739 лица, а на случаите на зараза достигна до 6о илјади

1391706
Бројот на починатите од Ковид-19 во Иран се зголеми на над 3.600 лица, а над 58 илјади се заразени
iran kovid korona.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
Koronavirüs İran.1.02.04.jpg
iran korona kovid.JPG
iran koronavirus.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 70 илјади, а на случаите на зараза над 1 милион 285 илјади лица.

Бројот на лицата кои ја победија болеста т.е. оздравеа пак, во светот изнесува над 256 илјади.

Во Иран во последните 24 часа од новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа уште 136 лица и број на смртните случаи се зголеми на 3.739, а на случаите на зараза достигна до приближно 60 илјади лица.

Во Либија од новиот тип коронавирус почина порнешниот премиер Махмуд Џибрил.

Според веста објавена во египетскиот печат, Махмуд Џибрил откако на 27 март во главниот град на Египет, Каиро, добил позитивен тест на новиот тип коронавирус, бил хоспитализиран. Потоа му била влошена здравствената состојба на поранешниот либиски премиер Махмуд Џибрил и ѝ покрај сите интервенции не можел да биде спасен и го загубил животот.

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 2 смртни случаи 954 случаи на зараза. На тој начин бројот на починатите се зголеми на 47, а на дијагностицираните на 6.353 лица. Откако беше утврден Ковид-19 и кај тројца свештеници беше соопштено дека лицата кои учествувале на мисата треба да се изолираат.

Бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во Саудиска Арабија се зголеми на 2.402 лица, во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на 1.789, Јордан 345, Палестина 234 и во Мароко на 1.021 лице.

Во Јапонија бројот на починатите од вирусот се зголеми на 104 лица, а на случаите на зараза на 4.570.

Во Шри Ланка поради епидемијата минатиот месец беше донесена забрана за излегување на улица во текот на 2 недели во 6 големи градови и оваа забрана е продолжена за уште 2 недели.

Во Израел човечките загуби од Ковид-19 се зголемија на 51 лице, а на случаите на зараза на 8.611.

Во западноафриканската држава Либерија е регистриран првиот смртен случај од Ковид-19, а досега се утврдени 13 случаи на зараза.

На континентот Африка во последните 24 часа починаа уште 54 заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што бројот на смртните случаи се зголеми на 414 лица. На континентот се утврдени случаи на зараза во 51 земја, додека бројката на регистрирани случаи на зараза за еден ден од 8.536 се искачи на 9.198 лица, а 813 заболени се излекувани. Во Африка досега 43 земји целосно ги затворија своите граници, а 7 земји ги сопреа меѓународните воздушнк летови.

Во Пакистан кадешто од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 50 лица исто така е соопштено дека е утврден вирус и кај 49 затвореници.

Во Индонезија рокот на починатите изнесува 209 лица, додека бројот на случаите на зараза за еден ден со раст за уште 218 се искачи на 2.491 лице.



Слични вести