Урсула фон дер Лејен: Земјите на ЕУ погодени од коронавирусот имаат потреба од Маршалов план

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека треба да бидат одделени повеќе пари за излез од економската криза на земјите на Еврпската унија (ЕУ) кои се погодени од епидемијата на Ковид-19 и рече: „Ни треба Маршалов план“

1391634
Урсула фон дер Лејен: Земјите на ЕУ погодени од коронавирусот имаат потреба од Маршалов план

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во напис напишан за германскиот весник „Велт“ истакна дека Европа се соочува со еден незнаен непријател и невидена криза во неочекувано време.

Лејен наведе дека за доставување помош за земјите на Европската унија (ЕУ) кои се погодени од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) има потреба од Маршалов план.

Нагласувајќи дека треба да бидат одделени повеќе пари за излез од економската криза на земјите на Еврпската унија (ЕУ) кои се погодени од епидемијата на Ковид-19, фон дер Лејен рече: „Ни треба Маршалов план за Европа.“

Урсула фон дер Лејен привлече внимание дека затоа во буџетот на Европската унија (ЕУ) треба да заземат место големи инвестиции и напомена дека буџетот на ЕУ кој е прифатен во сите земји како компензативен инструмент на солидарност мора да се прилагоди во согласност со кризата.

Во меѓувреме, и претседателот на пратеничката група на партиите на Демохристијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) во Федералниот парламент на Германија (Бунедстаг) Ралф Бринкаус, во дадената изјава на германската новинска агенција (ДПА) истакна дека треба да се формира пакет за помош за земјите на Европската унија (ЕУ), а за кои рече дека не можат да ја надминат кризата предизвикана од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, Маршаловиот план е познат како пакет за економска помош ставен во примена од страна на Соединетите Американски Држави (САД) за европските земји по Втората светска војна и е наречен по тогашниот американски државен секретар Џорџ Маршал.



Слични вести