Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 1 милион 200 илјади пациенти

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на 64 илјади

1391341
Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 1 милион 200 илјади пациенти

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на 64 илјади, додека на заразените изнесува над 1 милион 200 илјади пациенти. Бројот на оздравените изнесува 245 илјади лица.

Бројот на смртните случаи во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 681 и изнесува 15 362 лица. 80 лица од жртвите на Ковид-19 се доктори, додека вкупниот број на заразени во земјата изнесува 88 274 пациенти.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми на 7 506 лица. 13 од нив се регистрирани во прекуморските територии, додека бројот на заразените достигна 70 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Шпанија се зголеми на 12 илјади, поради што земјата се подготвува за второ продолување на вондрендата состојба која почна да се спровува од 14 март наваму.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во САД изнесува над 7 илјади, додека состојбата во сојузната држава Њујорк секој изминат ден се повеќе се влошува. Кина на сојузната држава Њујорк во која во псоледните 24 часа умреа 630 лица и испрати илјада апарати за дишење.



Слични вести