Во Кина од коронавирусот починаа 3.326, во Иран 3.294, во Јужна Кореја 174 лица

Во Кина бројот на смрните случаи се зголеми на 3.326 лица, во Иран на 3.452, Јужна Кореја 177, Јапонија 88, Мароко 50, во Египет на 66, а на континентот Африка во 49 земји досега животот го загубија 284 лица

1391105
Во Кина од коронавирусот починаа 3.326, во Иран 3.294, во Јужна Кореја 174 лица
çin koronavirüs.jpg
çin.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
Koronavirüs İran.1.02.04.jpg
Koronavirüs İran.3.02.04.jpg
guney kore.jpg

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 60 илјади, а на случаите на зараза на над 1 милион 132 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани над 229.157 илјади лица.

Во Кина, изворната земја од која се прошири новиот тип коронавирус (Ковид-19) низ целиот свет, бројот на случаите на зараза се зголеми на 81.639, а на смрните случаи на 3.326 лица. На починатите од епидемијата во земјата им е оддадена почит со 3 минутно молчење.

Во Иран бројот на починатите се зголеми на 3.452, а на случаите на зараза на 53.183 лица. Во градот Кум еден 106 годишен заболен од Ковид-19 по 14 дневно лекување оздраве. Се смета дека овој пациент е „најстаро заболено лице во светот кое го победи Ковид-19“. 

Во Јужна Кореја бројот на смртните случаи се зголеми на 177 лица, а на случаите на зараза на 10.062 лица.

Во Јапонија се смртта на уште 4 лица, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на 88, а на случаите на зараза на 3.854 лица.

Во Мароко, досега починаа 50 лица, а се регистрирани 844 случаи на зараза.

Во Алжир од новиот тип коронавирус животот го загубија 105 лица, во Индија 86, Ирак 54, а во Малезија 53 лица.

Во Катар починаа 3 лица, а 949 се заразени, а во Бахреин има 4 смртни случаи и 672 случаи на зараза.

Египетското министерство за здравство соопшти дека со смртта на уште 8 лица вкупниот број на починати се зголеми на 66, а на случаите на зараза достигна до 985 лица.

Во Западниот Брег под израелска окупација поради коронавирусот се ставени под карантин две населени места.

Во Палестина е утврден коронавирус кај уште 23 лица од кои 8 деца со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 194. Вонредната состојба во земјата е продолжена за уште 30 дена.

Бројот на регистрираните случаи на зараза од Ковид-19 во Јужна Африка се зголеми на над 1.500.

Претседателот на Сиера Леоне Жулиус Мадо Био откако во земјата беа регистрирани 19 случаи на зараза од Ковид-19 почнувајќи од утре прогласи тридневна забрана за излегување на улица.

Според последните податоци на Центарот за контрола и спречување на болести на Африка, на континентот во 49 земји животот го загубија 284 лица, а се регистрирани 7.028 случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести