Путин: Дневното производство на нафта треба да се намали за 10 милиони барели

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека глобалното производство на нафтата дневно треба да се намали за 10 милиони барели и тоа треба да се направи во рамките на партнерство

1391003
Путин: Дневното производство на нафта треба да се намали за 10 милиони барели

Рускиот претседател Владимир Путин преку видеоконференција одржа состанок со некои функционери во претседателскиот дворец Кремљ и министри, како и со претседателите на руските нафтени компании.

Притоа Путин појасни дека ситуацијата на глобалните нафтени пазари е крајно искомплицирана.

„Епидемијата на коронаврусот влијае речиси на економијата во целиот свет и побарувачката на нафта доживеа остар пад. Оваа состојба содржи ѝ технолошки ѝ еколошки ризици.“ - подвлече Путин.

Велејќи дека поради намалената побарувачка на нафта треба да се намали глобалното производство на нафта, рускиот претседател Владимир Путин го додаде следното: „Глобалното производство на нафтата дневно треба да се намали за 10 милиони барели и тоа треба да се направи во рамките на партнерство.“



Слични вести