Предлог од Мицотакис до Макрон и Меркел за потпишување нов договор меѓу ЕУ и Турција за мигрантите

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис испрати писмо до францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во кое предложи да се постигне договор меѓу ЕУ и Турција којшто ќе содржи формирање на нов механизам за финансирање

1390961
Предлог од Мицотакис до Макрон и Меркел за потпишување нов договор меѓу ЕУ и Турција за мигрантите

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис испрати писмо до францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во кое предложи да се потпише нов договор за мигрантите меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција.

Според веста на грчкиот весник „Прото Тема“, премиерот Мицотакис во писмото истакна дека соработката со Турција има детерминирачка улога во спречувањето на мигрантските бранови кон Европа и посака да се постигне договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција којшто ќе содржи формирање на нов механизам за финансирање.

Мицотакис во своето писмо констатира дека Турција располага со сила за целосна контрола на мигрантските бранови и наведува дека официјална Анкара мигрантите ги користи како средство на притисок против Европската унија (ЕУ).

Во меѓувреме, Турција покажа реакција против ова писмо коешто грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го испрати до Макрон и Меркел.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, писмото на Мицотакис во кое и се предложува финансиска поддршка на Турција согласно бројот на мигрантите, го окарактеризира како „производ на едно крајно изопачено и неморално разбирање“.



Слични вести