Гутерес предупреди: Глобалната епидемија освен меѓународниот мир и безбедноста ѝ се заканува и на безбедноста на храната

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во врска со неизвесностите коишто ги создава епидемијата на Ковид-19 во светот, предупреди дека глобалната епидемија освен меѓународниот мир и безбедноста „ѝ се заканува и на безбедноста на храната“

1390963
Гутерес предупреди: Глобалната епидемија освен меѓународниот мир и безбедноста ѝ се заканува и на безбедноста на храната

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес на одржаната прес конференција преку видеоконференција го повтори повикот за глобален прекин на огнот, во период кога во светот владее глобална епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Привлекувајќи внимание дека и покрај тоа што преистигнаа ветувања за прекин на огнот од регионите на војна како во Сирија, Јемен, Либија, Мјанмар, Украина, Судан, Камерун овие дадени зборови не се ставени во дело, Гутерес нагласи дека единствената војна во светот треба да се води против заедничкиот непријател Ковид-19.

Тој воедно достави предупредување и во врска со неизвесностите коишто ги создава епидемијата на коронавирусот и го рече следното: „Терористичките и радикалните групи би можеле да ја искористат пандемијата“

Гутерес предупреди дека глобалната епидемија освен меѓународниот мир и безбедноста „ѝ се заканува и на безбедноста на храната“.

„Треба да продолжи целиот синџир на набавка вклучувајќи ја и храната, лековите и другите медицински материјали и опрема, и тоа особено за најсиромашните и најранливите (најбеспомошните) региони. Сѐ уште не е дојдено до најлошото и треба да направиме сѐ што е во наша можност против Ковид-19, за единството и мирот од коишто има потреба нашиот свет.“ - порача генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.



Слични вести