Бројот на починатите од Ковид-19 во светот достигна до 60 илјади лица, а над 1 милион се заразени

Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 766 лица и бројот на човечките загуби се зголеми на 14.681, случаите на зараза на 119.827, а на излекуваните на 19.758 лица

1390959
Бројот на починатите од Ковид-19 во светот достигна до 60 илјади лица, а над 1 милион се заразени
Koronavirüs İtalya.1.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
Koronavirüs İngiltere.3.jpg
Koronavirüs Fransa 3.jpg
koronavirüs ABD.jpg

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 60 илјади, а на случаите на зараза на над 1 милион 132 илјади лица.

Досега од болеста се излекува над 229.157 илјади лица.

Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 766 лица и бројот на човечките загуби се зголеми на 14.681. Случаите на зараза во земјата се покачија на 119.827, а на излекуваните на 19.758 лица.

Бројот на човечките загуби од коронавирусот во Шпанија се зголеми на 11.744, а на случаите на зараза на 119.199 лица. Бројот на излекуваните и отпуштените од болница пак, изнесува над 30.513 лица. Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека карантинот на територијата на целата земја е продолжен до 26 април.

Во Франција во последните 24 часа со раст за уште 588 лица бројот на починатите се искачи на 6.520, а на случаите на зараза на 83.029 лица. Француската министерка за одбрана Флоренс Парли соопшти дека приближно 600 војници се позитивни на Ковид-19.

Во Велика Британија бројот на човечките загуби од коронавирусот се зголеми на 4.313, а на  случаите на зараза на 38.168 лица. 

Во Германија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) има 1.275 смртни случаи и 91.159 илјади случаи на зараза, додека починаа и уште 6 мина турски граѓани.

Бројот на човечките загуби во Соединетите Американски Држави (САД) се искачи на 7.403, а на случаите на зараза на 277.522 лица. Во Њујорк како најпогодена сојузна држава од епидемијата, се регистрирани половината од смртните случаи и случаите на зараза. Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) кај персоналот (вработените) на Секретаријатот за одбрана Пентагон и членовите на семејствата на војниците, се зголеми на 6 лица, а бројот на случаите на зараза на 1.648. Во сојузната држава Мериленд е утврден нов тип коорнавирус кај 5 бебиња. Белата куќа го постави условот за тестирање од нов тип коронавирус на сите оние кои ќе се наоѓаат во иста средина со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Холандија се зголеми на 1.651 лице.

Во Белгија во последните 24 часа со смртта на уште 132 лица досега починаа 1.143, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 16.770 лица.

Во Швајцарија бројот на починатите изнесува 604, во Шведска 358, Португалија 246, Австрија 168, Данска 139, на Филипините 136, Романија, 133, Ирска 120, Полска 71, Грција, 63, Перу 61 и во Норвешка 59 лица.

Во Канада, бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус се искачи на 208, а на случаите на зараза 12.549 лица. Од друга страна, е соопштено дека Канада поради епидемијата на Ковид-19 ги повлече своите 500 војници на задача во мисиите на НАТО во Ирак.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина достигна до 3.322 лица, на случаите на зараза на 81.620, а од почетокот на епидемијата досега се излекувани 76.571 лице. 

Во Иран бројот на починатите во последните 24 часа се зголеми на 134 лица и достигна до 3.294, а на случаите на зараза на 53.183 лица.

Во Јужна Кореја бројот на смртните случаи се зголеми на 174 лица, а на случаите на зараза на 10.062 лица.

Во Израел бројот на случаите на зараза достигна до 7.030 лица, а досега животот го загубија 37 лица.

Бројот на смртните случаи во Бразил од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 365, а на случаите на зараза на 9.056 лица. Претседателот Жаир Болсонаро продолжува да не го зема за сериозно новиот тип коронавирус којшто станува причина за човечки загуби во земјата. Болсонаро рече: „Овој вирус е како дожд и ќе измокри 70 отсто од земјата. Тогаш кога ќе зајакне имунолошкиот систем на инфектираните земјата ќе се спаси.“ Бразилскиот претседател Болсонаро ја повтори својата реакција против гувернерите и градоначалниците (претседaтелите на општини) кои поради епидемијата преземаат мерки за социјално растојание и го рече следното: „Ионака ја знаете мојата позиција, бразилскиот народ не може да ги сноси овие одлуки 2-3 месеци. Ќе дојде до огромна невработеност.“

Во Мексико бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 60, а на случаите на зараз ана 1.510 лица.

Во Нов Зеланд бројот на заразените од Ковид-19 се зголеми на 950 лица.

Бројот на починатите во Србија се зголеми на 39, а на случаите на зараза со уште 304 дијагностицирани се искачи на 1.476 лица. По остварениот телефонски разговор помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, пристигна во Србија медицинската помош составена од заштитни маски, облека и друг вид опрема и здравствена екипа којашто Русија ја испрати на Србија со 11 авиони. Во главниот град Белград по саемскиот центар е преуредена во „привремена болница“ и спортската сала „Белградска арена“.

Во Хрватска од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега починаа 12 лица, а бројот на утврдените случаи на зараза од вирусот се зголеми на 1.079. Хрватските државјани кои се наоѓаат во земји како што се Португалија, Шпанија, Италија и Шведска, денеска по воздушен и поморски пат ќе бидат донесени во Хрватска.

Во Црна Гора како најмала земја според бројот на населението во регионот, се регистрирани уште 23 нови случаи на зараза и вкупниот број на заразени се зголеми на 197 лица.



Слични вести