Во близина на градот Сирте се убиени повеќе од 20 припадници на милициските сили на Халифа Хафтар

Портпаролот за печат на операцијата Мустафа ел Меџи во ненадејно извршениот напад се убиени повеќе од 20 припадници на милициските сили на Хафтар, а повеќе од 15 наоружани позиции со тешко оружје се додведени во неупотреблива состојба

1390729
Во близина на градот Сирте се убиени повеќе од 20 припадници на милициските сили на Халифа Хафтар

Во реализиран воздушен напад се убиени повеќе од 20 припадници на милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили распоредени во градот Сирте во северниот дел на Либија.

Во објавеното соопштение од прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“ во склопот на легитимната меѓународно призната Влада на национално единство на Либија, се истакнува дека е реализиран воздушен напад врз позициите на милициските сили на Хафтар, во околината на градот Сирт.

Портпаролот за печат на операцијата Мустафа ел Меџи истакна дека цел на реализираниот воздушен напад од страна на силите на Владата за национално единство врз областа Вешка беа милициските сили на Хафтар кои се подготвувале за напад врз областа Ебу Карин во источниот дел на градот Сирте.

Меџи рече дека во ненадејниот напад се убиени повеќе од 20 припадници на милициските сили на Хафтар, а повеќе од 15 наоружани позиции со тешко оружје се доведени во неупотреблива состојба.

Од друга страна, се истакнува дека во рамките на операцијата Бура на мирот којашто е започната од страна на Владата на национално единство на Либија се уништени 3 воени авиони и голем број тенкови, топови, оклопни возила и тешко оружје на милициските сили на Хафтар.

По операцијата речиси сите милициски сили на Хафтар мораа да ги напуштат своите позиции во јужниот дека на главниот град Триполи.



Слични вести