Прв состанок на НАТО преку видеоконференција

Столтенберг. „Епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) предизвика промена во досегашниот начин на работа на НАТО Алијансата“

1390373
Прв состанок на НАТО преку видеоконференција

Првпат во 70 годишната историја на НАТО Алијансата, министрите за надворешни работи на земјите членки одржаа состанок со посредство на видео конференција.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на состанокот кој се одржа преку една безбедна линија и на кој министрите за надворешни работи на 30 земји членки учествуваа преку видеоконференција рече дека епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) предизвика промена во досегашниот начин на работа на НАТО Алијансата.

„Досега трансатлатнското семејство воопшто се немаше соочено со еден ваков непријател, но верувам дека како резултат на нашето единство и солидарност, ќе ја пребродиме оваа криза“ рече СТолтенберг.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО кои се собраа со главен ред Ковид-19, исто така разменија мислења и во врска со бората против меѓународниот тероризам, случувањата и мисиите во Авганистан, Ирак, Грузија и Украина.

Турција на состанокот беше претставена од страна на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

По состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО што се одржа преку видеоконференција, генералниот секретар Столтенберг одржа прес-конференција на која  рече:

„Денес министрите постигнаа согласност околу чекорите и иницијативите коишто ќе ги преземе Алијансата во борбата против тероризмот. Меѓу нив се наоѓаат воспоставувањето на стабилноста на Блискиот Исток и во Северна Африка како и зајакнувањето на меѓусебната соработка.“



Слични вести