Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 1 милион пациенти

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на 51 илјада

1390309
Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 1 милион пациенти

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на 51 илјада, додека на заразените изнесува над 1 милион пациенти.

Не може да се спречат смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во Италија. Бројот на смртните случаи во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 760 лица и изнесува 13 915.

Претседателот на Европската комисија Урсула вон дер Лејен рече дека денес Европа е на страната на Италија, но ова никогаш не се одвиваше вака, поради што и се извини на управата во Рим.

Вон дер Лејен испрати писмо до италијанскиот весник „Ла Република“ во кое потенцира дека Италија е земја која најмногу е изложена на неповолното влијание на Ковид-19 меѓу земјите членки на ЕУ. Потребата за преземање заеднички иницијативи и борба против кризата требаше да се уочи на самиот почеток, но сите земји беа зафатени со внатрешните проблеми..

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 471 и изнесува 4 503 лица. Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот на Франција беше истакнато дека кај 4 војниции кои учествуваа во операцијата Бархан во областа Сахел беше утврден Ковид-19 поради што 3 од војниците беа префрлени во Франција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Германија се зголеми на 1 048, додека бројот на заразени пациенти се зголеми за уште 5 478 и изнесува 83 459. Баварија е покраината која најмногу е изложена на неповолното влијание на Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во САД се зголеми за уште 5 151 и изнесува 215 262 лица. Околу 21 илјада здравствени работници од подрачјата кои се изложени на послабото влијание на епидемијата, доброволно заминаа за Њујорк.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Канада се зголеми за уште 131 и изнесува 10 132 лица. Според информациите, здравствените установи имаат потреба од околу 60 милиони маски од типот Н95 и медицинска опрема, додека во последните неколку дена биле набавени само 11 милиони маски. Маските со кои располага Канада почна да ги распределува на центрите кои имаат итна потреба.

Бројот на смртните случаи во Австралија изнесува 27, а на заразените 5 314.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Латиноамериканската држава Бразил која најмногу е изложена на неповолното влијание на епидемијата Ковид-19 се зголеми за уште 299 и изнесува над  илјади.



Слични вести