Во Иран од Ковид-19 починаа 3.036 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува приближно 48 илјади

Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 124 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 3.160, а на утврдените случаи на зараза на приближно 50 илјади лица

1389570
Во Иран од Ковид-19 починаа 3.036 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува приближно 48 илјади
Koronavirüs İran.3.jpg
iran-corona.jpg
iran korona kovid.JPG
iran korona.jpg
iran koronavirus.jpg

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега во светот стана причина за смртта на над 47 илјади лица, а повеќе од 937 илјади лица се заразени од вирусот. 

Бројот на излекувани лица пак, изнесува 200 илјади.

Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 124 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 3.160, а на утврдените случаи на зараза на приближно 50 илјади лица. Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можел да трае до крајот на годината, така да и ограничувањата во земјата би можеле да продолжат.

Бројот на починатите од коронавирусот во Ирак се зголеми на 52 лица, а на утврдените случаи на зараза изнесува над 728 лица.

Во Русија кадешто починаа 30 лица во последните 24 часа се регистрирани уште 771 нов случај на зараза и вкупниот број на заразени се зголеми на 3.548 лица.

Во Украина бројот на човечките загуби од коронавирусот се зголеми на 20, а на случаите на зараза на 804 лица. Воедно со утврден вирус кај една лекарка на задача во воената болница е регистриран и првиот случај во армијата.

Бројот на починатите од коронавирусот во Јапонија се зголеми на 82 лица, а на случаите на зараза на приближно 3.400. Во главниот град Токио за еден ден се утврдени 97 нови случаи на зараза и се привлекува внимание дека оваа бројка е нов рекорд.

Во Јужна Кореја бројот на жртвите се зголеми на 169, а на утврдените случаи на зараза на приближно 10 илјади лица (9.976). 

Во Индонезија досега починаа 170 лица, на 1.790 се заразени од вирусот. 

Саудиска Арабија соопшти дека од новиот тип коронавирус животот го загубија уште 6 лица и дека вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 16. Во Мека и Медина е прогласена забрана за излегување на улица во текот на целиот ден. На целата територија на земјата почнувајќи од 23 март во текот на 21 ден беше донесена одлука за применување на делумна забрана за излегување на улица од 19:00 до 06:00 часот. 

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кадешто претходно поради вирусот починаа двајца германски туристи, бројот на случаите на зараза се зголеми на 7, додека бројот на починатите во Јужната кипарско-грчка управа се искачи на 9 лица, а 320 се заразени.

Во Израел кадешто бројот на смртните случаи се зголеми на 31 лице, а на заразените на 6.211, министерот за здравство Јааков Лицман и неговата сопруга биле позитивни на Ковид-19. Министерот Лицман својата должност ќе ја извршува од дома каде се наоѓа во карантин. Во меѓувреме, поради добиениот позитивен тест на новиот тип коронавирус на министерот за здравство Лицман и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ќе влезе во карантин.

На Западниот Брег под израелска окупација и во Појасот Газа под израелска блокада бројот на заразените лица од Ковид-19, со раст за 21 лице во последните 24 часа се зголеми на 155.

Во меѓувреме, е утврден вирус Ковид-19 и кај еден Палестинец кој по едногодишен затвор бил пуштен на слобода од страна на Израел. Во објавеното писмено соопштение од Делегацијата на палестинските заробеници при Палестинската ослободителна организација се привлекува внимание дека се работи на утврдување на другите затвореници со кои контактирал пуштениот Палестинец заразен од вирусот додека се наоѓал во затвор и се нагласува дека за ова „кривично дело“ е одговорен Израел. 

Во Мароко бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 39 лица. Во земјата е утврден вирус уште кај 22 лица и бројот на случаите на зараза се зголеми на 231.

Бројот на смртните случаи од вирусот во Египет се зголеми на 52, а во Тунис на 12 лица.

Во Оман е регистриран Ковид-19 уште кај 21 лице и вкупната бројка на заразени се искачи на 231 лице.

Бројката на човечки загуби и случаи на зараза во Авганистан изнесува 4/239, во Либан 16/494, бројот на заразените во Кувајт се зголеми на 342, а во Бахреин на 635 лица.

Во Јужна Африка се утврдени 1.353 случаи на зараза од Ковид-19, а животот го загубија 5 лица. Меѓу починатите се наоѓа и светски познатата јужноафриканска научничка проф. д-р Гита Рамје која беше позната како предводничка во борбата против вирусот ХИВ т.е. Сидата.

На Филипините од Ковид-19 животот го загубија 107 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 2.633.

На континентот Африка новиот тип коронавирус Ковид-19 се прошири во 49 земји и бројот на случаите на зараза за само еден ден од 5.786 се зголеми на 6.213 лица. Земји во кои најмногу е забележан вирусот се Јужна Африка, Египет, Алжир, Мароко, Тунис, Буркина Фасо и Камерун.

Во Руанда кадешто се регистрирани 82 случаи на зараза забраната за излегување на улица е продолженна за уште 2 недели.

Во рамките на мерките против епидемијата на Ковид-19 во Тајланд  почнувајќи од утре ќе се применува забрана за излегување на улица на територијата на целата земја од 22:00 до 04:00 часот. Воедно се суспендирани до 31 мај и сите летови од странство на тајландската национална авиокомпанија „Thai Airways International“. Во земјата од вирусот Ковид-19 досега животот го загубија 15 лица, а 1.875 лица се заразени.

Во Малезија пак, бројот на човечките загуби се зголеми на 50, а на случаите на зараза на 3.116 лица.



Слични вести