СЗО: Во наредните неколку дена бројката ќе достигне до 1 милион случаи на зараза и 50 илјади мртви

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус зацрта песимистичка слика во врска со Ковид-19 и го рече следното: "Во наредните неколку дена бројката ќе достигне до 1 милион случаи на зараза и 50 илјади мртви"

1389639
СЗО: Во наредните неколку дена бројката ќе достигне до 1 милион случаи на зараза и 50 илјади мртви

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус нагласи дека светот за прв пат се соочува со една пандемија од видот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го рече следното: „Чувствувам длабока загриженост од големата брзина на ширење и глобалното распространување на болеста.“

Гебрејесус говореше на прес конференција што се одржа преку видеоконференција во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во швајцарскиот град Женева и притоа зацрта една песимистичка слика.

„Во наредните неколку дена бројката ќе достигне до 1 милион случаи на зараза и 50 илјади мртви.“ - рече Гебрејесус.

Велејќи "Светот досега не се соочи со една ваква пандемија. Тоа е непознат (незнаен) и опасен вирус. Чувствувам длабока загриженост од брзото ширење и глобалното распространување на болеста." - генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус ја изнесена следната констатација: "Ова сѐ уште е нов вирус и секој ден продолжуваме да се учиме. Со еволуцијата на пандемијата се појавуваат нови симптоми и се развиваат нашите препораки."



Слични вести