САД поради епидемијата на Ковид-19 купија медицинска опрема од Русија

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Морган Ортагус соопшти дека САД и Русија склучија договор за купување на медицинска опрема од Русија во рамките на борбата против коронавирусот

1389838
САД поради епидемијата на Ковид-19 купија медицинска опрема од Русија

Портпаролот на државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) Морган Ортагус  соопшти дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е купена медицинска опрема од Русија. 

Ортагус во објавеното писмено соопштение истакна дека договорот помеѓу САД и Русија за купување на медицинска опрема од оваа земја е склучен во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19.

Велејќи дека САД водат глобална борба по прашањето на епидемијата на Ковид-19, но дека не е можно сами да постигнат решение, Ортагус го истакна следното: „По остварениот телефонски разговор помеѓу претседателот Трамп и претседателот Путин на 30 март, САД купија цел полн авион медицински материјали кој на 1 април пристигна во Њујорк, а во кој се наоѓаа респираторни апарати и лична заштитна опрема. И двете земји во кризни времиња во минатото си обезбедуваа взаемно хуманитарна помош и тоа ќе го прават и во иднина. Време е да се работи заедно за да се извојува победа над еден заеднички непријател кој ни се заканува на сите.“

Воениот карго авион од типот „AN-124“ кој беше испратен од Русија за САД и носеше медицинска опрема слета на меѓународниот аеродром „JFK“ во Њујорк.

Руското министерство за надворшени работи исто така вчера соопшти дека авионот кој превезува медицинска опрема и маски е испратен за САД од воениот аеродром Чкаловск во Московската област.



Слични вести