Бројот на починатите од Ковид-19 во светот изнесува над 46 илјади, а над 900 илјади лица се заразени

Бројот на починатите во Италија од епидемијата на Ковид-19 со смртта во последните 24 часа на уште 727 лица се зголеми на 13.155, а на случаите на зараза над 110 илјади лица

1389558
Бројот на починатите од Ковид-19 во светот изнесува над 46 илјади, а над 900 илјади лица се заразени
Koronavirüs İtalya.3.jpg
Koronavirüs Fransa 3.jpg
İspaniya_Covid-19.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
Koronavirüs ABD Gemi.1.jpg

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега во светот стана причина за смртта на над 47 илјади лица, а повеќе од 937 илјади лица се заразени од вирусот.

Бројот на починатите во Италија од епидемијата на Ковид-19 со смртта во последните 24 часа на уште 727 лица се зголеми на 13.155, а на случаите на зараза над 110 илјади лица. Строгите мерки на карантин кои што се ставени во примена во земјата на 10 март, претходно беа продолжени до 13 април.

Во Шпанија во последните 24 часа животот го загубија уште 950 лица си што бројот на починатите се зголеми на 10.003 лица.

Во Франција со смртта на уште 509 лица во последните 24 часа бројот на починатите се зголеми на 4.032. На тој начин по бројот на смртните случаи од Ковид-19 Франција ја остави зад себе и Кина, додека бројот на случаите на зараза во земјата достигна до 52 илјади лица.

Од друга страна, е соопштено дека во Франција поради епидемијата останаа без работа 3,6 милиони лица. Францускиот министер за труд Муриел Пенко истакна дека 337 илјади фирми кои економски се подложени на негативното влијание на епидемијата отпуштија од работа 3,6 милиони вработени и дека тоа ја чини државата 11 милијарди евра. Отпуштените лица од работа 70-отсто од своите плати ќе примаат од државата како  плата или надомест за невработеност. Од друга страна, еден магацин во меѓународниот пазар Рунгис во главниот град Париз ќе биде претворен во мртовечница за починатите од Ковид-19.

Во Германија бројот на починатите од коронавирусот сњ зголеми на 931 лице, а на случаите на зараза на 77.981. Преземените мерки во земјата во рамките на борбата против епидемијата на 22 март, се продолжени до 19 април. Германската канцеларка Ангела Меркел потсети дека наредната недела ќе се слави Велигден во врска со што рече „Пандемијата не признава празник“. Меркел воедно ги предупреди граѓаните да не патуваат за време на Велигден. Поради епидемијата бројот на креветите за интензивна нега од 28 илјади е зголемен на 40 илјади.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Велика Британија со смртта за еден ден на уште 569 лица се зголеми на 2.921 лице.

Во Белгија бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 183 лица достигна до 11 илјади, а бројот на случаите на зараза во последните 24 часа со додавање на уште 1.384 новозаразени се зголеми на 15.348 лица.

Во Холандија бројот на починатите од вирусот се зголеми на 1.173 лица, а бројот на случаите на зараза на 13.614.

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Шпанија во последните 24 часа со раст за уште 864 лица се зголеми на 9.053, а бројот на случаите на зараза во земјата изнесува над 100 илјади лица. 

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во последните 24 часа е регистриран еден нов смртен случај од Ковид-19 и вкупниот број на починати се покачи на 10 лица, а со 25 новозаразени вкупниот број на потврдени случаи достигна до 354 лица.

Во Србија од Ковид-19 животот го загубија 28 лица, а бројот на утврдените случаи на зараза се зголеми на 1.060 лица.

Бројот на починатите во Грција се зголеми на 50, а на случаите на зараза на 1.415 лица. Група европски лекари привлекувајќи внимание кон негативните животни услови во бегалските кампови на грчките острови поради епидемијата, упатија повик за испразнување на овие кампови, а како што рекоа за да не дојде до човечка катастрофа. Еден бегалски камп во близина на главниот град Атина е ставен под карантин, откако беше регистриран коронавирус кај 21 лице. Во објавеното соопштение од Министерството за миграција се вели следното: „Кај 21 лице е добиен позитивен тест на коронавирус. Почнувајќи од денеска кампот ќе остане под здравствена изолација во текот на 2 недели.“ Во пристаништето Пиреа е утврден Ковид19 кај патниците и членовите на посадата на бродот за крстарење крузерот по име Ел. Венизелос и овој брод е ставен под карантин.

Во Словенија бројот на човечките загуби изнесува 16, а на случаите на зараза се зголеми на 897 лица.

Во Босна и Херцеговина бројот на починатите се зголеми на 15 лица, а се утврдени 512 случаи на зараза од Ковид-19 меѓу кои се наоѓаат и тројца лекари на Клиничкиот центар на Сараевскиот универзитет (КЦУС). 

Бројот на човечките загуби во Бугарија се зголеми на 10, а на случаите на зараза на 449 лица.

Во Црна Гора животот во загубија 2 лица, утврдени се 140 случаи на зараза и во објавеното соопштение од црногорската влада се истакнува дека мерките на претпазливост се проодлжени до 15 април.

Во Романија починаа 86 лица, а има 2.460 заразени, во Косово едно починато лице и 115 случаи на зараза, а во Албанија 13 лица починаа, а се заразени 259.

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза во други некои балкански и европски земји е вака:

Романија 94/2.738, Косово 1/125, Албанија 16/277, Хрватска 6/963, Австрија 158/10.859, Холандија 1.339/14.697, Чешка 40/3.602, Полска 45/2.633, Швајцарија 505/18.117, Данска 104/3.355, Финска 17/1.518, Естонија 11/858, Унгарија 21/585, Словачка 1/426.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Австралија се зголеми на 23 лица, а на случаите на зараза на 5.105.

Во Соединетите Американски Држави (САД) од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега животот го загубија над 5 илјади лица, а бројот на утврдените случаи на зараза во земјата изнесува над 216 илјади лица. Половината од смртните случаи од вирусот се регистрирани во Њујорк кадешто бројот на случаите на зараза изнесуваат над 76 илјади лица. Сојузните држави како Њујорк и Њу Џерси продолжуваат да стануваат епицентар на епидемијата, а воедно внимание привлекува и брзиот раст на бројот на случаите на зараза и на починатите од вирусот и во другите сојузни држави. Во сојзуната држава Конектикат меѓу починатите се наоѓа и едно 6 месечно бебе.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се разгледува и стопирањето на домашните авионски летови во областите кадешто е распространета епидемијата.  Велејќи дека во последните 24 часа е постигнат рекорд во бројот на регистрираните случаи на зараза во САД, претседателот Трамп рече: "За да разберете колку е лош овој вирус треба да погледнете кон бројките во последниот ден." 

Американскиот потпретседател Мајк Пенс истакна дека доколку се почитуваат преземените мерки во врска со епидемијата до месец јуни би можела да се преброди епидемијата.

Како што се тврди, Агенцијата на Федералната  управа за итни состојби на САД побарала од Пентагон 100 илјади вреќи за мртви коишто ќе бидат користени за време на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Командата на крајбрежната стража им издаде директива на сите патнички бродови за крстарење крузери кои се наоѓаат во територијалните води на САД да ги направат потребните подготовки за лекување на бродовите на лицата заболени од коронавирусот.



Слични вести