Во Сирија во првите 3 месеци во 2020 година се убиени 707 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) информира дека во последните три месеци од годинава (2020) животот го загубија вкупно 707 цивили од кои 286 во месец јануари, 276 во февруари и 145 во март

1389209
Во Сирија во првите 3 месеци во 2020 година се убиени 707 цивили

Во Сирија во првите три месеци од оваа година (2020) загинаа 707 цивили.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите и судирите во месец март годинава во Сирија животот го загубија 145 цивили.

Според извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објавен во месец март во врска цивилните загуби, како резултат на минатомесечните напади и судири во земјата загинаа 145 цивили од кои 28 деца и 16 жени.

Режимските сили составени од армијата и безбедносните сили на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, убија 36 цивили од кои 5 деца и 3 жени.

Во воздушните напади реализирани од страна на руските воени авиони во наведениот период, животот го загубија 19 цивили од кои 2 деца и 7 жени, додека сепаратистичко-терористичката организцаија ЈПГ/ПКК во областите кои ги држи под окупација измасакрира 12 цивили од кои 2 деца.

Вооружените антирежимски групи пак, беа причина за смртта на двајца цивили, додека 76 цивили од кои 19 деца и 6 жени се убиени од страна на други групи. 

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) информира дека во последните три месеци од годинава (2020) животот го загубија вкупно 707 цивили од кои 286 во месец јануари, 276 во февруари и 145 во март. 

Во извештајот на мрежата се истакнува дека минатиот месец (март) го загубија животот со измачување 14 цивили од кои 12 од страна на режимот.



Слични вести