Столтенберг. „Турција е земја за пример за солидарност“

Столтенбер, фотографијата на авионот со кој ТВС во рамките на борбата против Ковид-19 им испрати медицинска опрема на Италија и Шпанија ја сподели преку профилот на твитер

1389127
Столтенберг. „Турција е земја за пример за солидарност“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека испраќањето здравствена опрема од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на Италија и Шпанија претставува извонреден пример и јасен показател за сојузничката солидарност.

Столтенбер, фотографијата на авионот со кој ТВС во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) им испрати медицинска опрема на Италија и Шпанија ја сподели преку профилот на твитер и напиша:

„Имаме можност да видиме дека е активна солидарноста на НАТО. Горд сум што сојузничките земји на НАТО меѓусебно се помагаат и поддржуваат. Заедно сме посилни“.

Министерството за национална одбрана претходно имаше објавено соопштение во кое истакна дека во фабриките и шивачките работилници кои се во сопственост на Министерството, со домашни можности беа произведени различни тиови на маски, комбинезони и здравствена опрема составена од антибактериски течности кои во рамките на борбата против Ковид-19, со авион на ТВС ќе бидат испратени за Италија и Шпанија.



Слични вести