Расте бројот на смртните случаи и заразените пациенти од коронавирусот во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на над 41 илјада

1388723
Расте бројот на смртните случаи и заразените пациенти од коронавирусот во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се зголеми на над 41 илјада, а на заразените над 840 илјади. Бројот на оздравените пациенти изнесува 176 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 836 и достигна 12 428. Од друга страна пак бројот на заразените се зголеми на 77 635, додека тројца од заразените доктори кои се бореа во првите редови, ги загубија животите. Од почетокот на епидемијата до денес животите ги загубија 66 доктори.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Франција од Ковид-19 се зголеми за уште 499 и изнесува 3 523. Бројот на заразените изнесува 52 128 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Британија за само еден ден се зголеми за уште 393 и изнесува 1801, додека 13 годишниот исмаил Мохамед Абдулвахаб кој немаше никакви здравствени проблеми, беше најмладата жрва на коронавирусот. Во меѓувреме, британскиот премиер Борис Џонсон во писмото што го испрати до сите домаќинства имаше најавено дека „уште повеќе ќе се влошат работите пред да се подобрат“. Директорот за национална медицина професорот Стефен Повис рече дека доколку бројот на смртните случаи успеат да го задршат под 20 илјади, ќе биде добар резултат.

Во Грција, акде што бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 43, беше забележан и прв случај на заразување кај мигрантите. Тестот на мигрантката која пред два дена се породи во една болница во Атина беше позитивен. Вкупниот број на заразени во Грција зинесува 1 212.

Бројот на смртните случаи во САД во псоледните 24 часа се зголеми за уште 657 и изнесува 3 416. На тој начин САД ја помина Кина од каде што се појави вирусот и која соопшти дека бројот на смртните случаи во земјата изнесува 3 300. Бројот на заразените во САД се зголеми за уште 21 555 и изнесува 164 610. Претседателот Доналд Трамп во врска со епидемијата на вирусот во земјата предупреди: „Претстојните две недели ќе поминат многу тешко“.

Во меѓувреме, командантот на американскиот брод носач на авиони Теодор Рузвелт Брет Крозие испрати писмо до командата на морнарицата во кое побара помош целиот персонал на бродот да се изнесе на копно и да се стават во карантин. Капетанот на бродот Крозиер рече дека над 100 војници боледуваат од коронавирусот, потенцирајќи дека поради ограничениот простор на борбениот  брод не можат да спроведат карантин и социјална дистанца. Болеста и натаму продолжува да се шири со голем интензитет меѓу персоналот, рече капетанот Крозиер.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Доминиканската Република во последните 24 часа се зголеми за уште 9 лица и изнесува 51.

Бројот на смртните случаи во Еквадор во последните 24 часа се зголеми за уште 13 и изнесува 75. Бројот на заразените изнесува 2 2 240.

Бројот на смртните случаи во Куба се зголеми на 6, а на заразените на 186.



Слични вести