Бројот на жртвите во поплавите во Иран се зголеми на 21 лице

Портпаролот на Институцијата за итна помош Муџтеба Халиди го рече следното: „Од 22 март досега во провинцијата Фарс животот го загубија 11 лица, во Хурбузѓан 3, Кум 3, Систан-Белуџистан 2, Бушехр 1 и Хузистан 1 лице.“

1389130
Бројот на жртвите во поплавите во Иран се зголеми на 21 лице

Бројот на жртвите во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд коишто ги зафатија јужните делови на Иран, се зголеми на 21 лице, 14 лица се повредени, а проодлжува да се трага по уште едно лице кое се води како исчезнато.

Портпаролот на Институцијата за итна помош Муџтеба Халиди во дадената изјава за Новинската агенција на иранските студенти (ИСНА) го рече следното: „Од 22 март досега во провинцијата Фарс животот го загубија 11 лица, во Хурмузѓан 3, Кум 3, Систан-Белуџистан 2, Бушехр 1 и Хузистан 1 лице.“

Велејќи дека продолжува да се трага по едно лице кое се води како исчезнато во провинцијата Хурмузѓан, Халиди истакна дека во поплавите се повредени и 14 лица.

Портпаролот на Институцијата за итна помош Муџтеба Халиди во дадената изјава на 30 март во недела соопшти дека бројот на жртвите во поплавите изнесува 18 лица.



Слични вести