Трамп и Конте разговараа телефонски за епидемијата на Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп и италијанскиот премиер Џузепе Конте разговараа телефонски за последните случувања во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1388217
Трамп и Конте разговараа телефонски за епидемијата на Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте чија земја е најмногу погодена од епидемијата на Ковид-19.

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа се истакнува дека во телефонскиот разговор двајцата лидери ги разгледаа последните случувања во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во соопштението се вели следното: "Претседателот Трамп го изрази своето сочувство до Конте поради човечките загуби во Италија."

Како што се нагласува, во телефонскиот разговор Трамп го повтори своето ветување за заедничко работење со Италија и со другите европски сојузници, во однос на спречувањето на ширењето на вирусот и за доставување на неопходната медицинска помош на оние кои имаат потреба од помош.

Во соопштението се додава дека Трамп и Конте постигнаа согласност за продолжување на блиската соработка за ставање под контрола на епидемијата и за заживување на глобалната економија, вклучувајќи ги и земјите на Г-7 и на Г-20.



Слични вести