Пациентите во Русија ќе се следат според географската локација

„Ги заоструваме мерките за пациентите кои што самите се изолираат во домовите“ рече заменик-градоначланикот на Москва

1388307
Пациентите во Русија ќе се следат според географската локација

Во Москва, со цел полесно да се следат пациентите од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) кои се лекуваат дома,  ќе бидат користени податоците за географска локација.

Заменик-градоначалникот на Москва Анастасија Ракова во изјавата за руските медиуми рече:

„Ги заоструваме мерките за пациентите кои што самите се изолираат во домовите. Обезбедувањето податоци за географската локација на заразените изолирани пациенти е неопходност. Ваквиот приод ќе ни обезбеди леснителна можност за побрза интервенција на пациентите“.

Во преходните соопштенија беше истакнато дека еден пациент кој беше дијагностициран од коронавирус во болницата во Комунарка побенал од болницата и со следење на безбедносните камери бил вратен.

Досегашниот број на смртни случаи во Русија од Ковид-19 изнесува 9,бројот на заразени пациенти 1836, додека на оздравените 66.



Слични вести