Коронавирусот продолжува да се шири низ источните земји меѓу кои најмногу е погоден Иран

Во Иран кадешто од новиот тип коронавирус досега починаа повеќе од 2.700 лица, а се заразени над 42 илјади, се очекува епидемијата да продолжи да се шири во сериозен степен уште најмалку 2 месеци

1388041
Коронавирусот продолжува да се шири низ источните земји меѓу кои најмногу е погоден Иран
iran korona kovid.JPG
iran koronavirus.jpg
iran - corona.jpg
iran koronavirus.jpg
KUM KENTİ İRAN.jpg

Човечките загуби од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 36 илјади лица, а се заразени и повеќе од 760 илјади лица.

Во Иран со смртта на уште 141 лице во последните 24 часа, бројот на починатите се зголеми на 2.898 лица, а се заразени над 42 илјади. Се очекува епидемијата да продолжи да се шири во сериозен степен уште најмалку 2 месеци. Портпаролот на Советот за наука, технологија и развој на економијата на информации Первиз Керими преку социјалната медија го сподели извештајот на Центарот за спречување и борба проитв коронавирусот којшто содржи 5 различни сценарија во врска со текот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Според тоа, епидемијата и во петте сценарија се предвидува да продолжи на ниво на висок ризик до почетокот на месец јуни. Од друга страна, во градот Мешед е утврден Ковид-19 и кај едно новороденче.

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во рамките на борбата против коронавирусот од денеска е донесена забрана за излегување на улица од 21:00 до 06:00 часот. Во земјата од епидемијата жовотот го загуби еден германски турист, а се утврдени 69 случаи на зараза.

Бројот на смртните случаи во Русија изнесува 18 лица, а бројот на случаите на зараза од вирусот за еден ден се зголеми на 2.337. 

Во Азербејџан, поради епидмеијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е донесена забрана за излегување на улица. Во земјата кадешто од вирусот починаа 4 лица, а се утврдени 273 случаи на зараза забраната не се однесува на вработените во здравството, инфраструктурата, транспортот и логистиката, производството на храна, како и секторите на нафта и природен гас, банкарството и сл. Исто така ќе продолжат да работат и претстваниците на печатот.

На палестинските територии под окупација и блокада бројот на случаите на зараз асе зголеми на 116 од кои 10 во Појасот Газа. Во меѓувреме, Болницата за палестинско-турско пријателство во Газа која е изградена од страна на Турција ќе биде надеж во борбата на Газа против коронавирусот. Според објавеното соопштение од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА),  Болницата за палестинско-турско пријателство во Газа како најголем здравствен центар на Палестина во правец на инструкцијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и во рамките на борбата против коронавиусот им е предадена и ставена во услуга на палестинските надлежни органи.

Во Ирак бројот на починатите од новиот тип коронавирус се зголеми на 46, а на случаите на зараза на 630 лица. 152-јца заболени пак чие лекување е завршено, се излечени и отпуштени од болница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради тоа што тестот на едниот од неговиот советници беше позитивен на Ковид-19, донесе одлука да се стави под карантин. Според податоците на израелското министерство за здравство, бројот на починатите од коронавирусот во земјата изнесува 18, а 4.831 лица се заразени.

Смртните случаи од новиот тип коронавирус во Алжир се зголеми на 35, во Мароко на 33, а во Јордан на 5 лица.

Бројот на починатите од вирусот во Тунис се зголеми на 10, а на случаите на зараза на 362 лица.

Во Мјанмар е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Авганистан пак, бројот на случаите на зараза се зголеми на 174 лица.

Во Боцвана во јужна Африка се регистрирани првите случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Кај 3 лица кои од Велика Британија и Тајланд дошле во главниот град на Боцвана Габороне е утврден вирус. Во рамките на преземените мерки против Ковид-19 е прогласена вонредна состојба во земјата. Во овој период се забранети колективните манифестации и е побарано од луѓето без поголема потреба да не излегуваат од своите домови.

Во источноафриканската држава  Танзанија пак, е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус, а бројот на дијагностицираните лица со зараза од Ковид-19 изнесува 19 лица.

На континентот Африка бројот на случаите на зараза изнесува приближно 5 илјади, додека досега животот го загубија повеќе од 150 лица.

Во Малезија пак, кадешто починаа 37 лица бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се искачи на 2.626 лица, а 479 заболени од вирусот се излекувани. Малезискиот крал Абдулах Шах и неговата сопруга за поддршка на процесот на борба против епидемијата соопштија дека ќе ги подарат своите плати од 6 месеци.

На Филипините од Ковид-19 се утврдени 88 човечки загуби, а бројот на случаите на зараза изнесува 2.084.



Слични вести