ЕУ ги одобри итните превентивни мерки поради новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Европскиот совет соопшти дека се одобрени регулативите коишто содржат специјални мерки во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1388062
ЕУ ги одобри итните превентивни мерки поради новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Европската унија (ЕУ) ги одобри итните превентивни мерки поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) за формирање на фонд во износ од 37 милијарди евра и за суспендирање на правилата за дозвола за летање.

Европскиот совет соопшти дека се одобрени регулативите коишто содржат специјални мерки во врска со коронавирусот.

Според тоа, на Инвестиционата иницијатива за интервенција против коронавирусот од буџетот на Европската унија (ЕУ) ќе бидат пренесени финансиски средства во износ од 37 милијарди евра. Земјите членки на Европската унија (ЕУ-, со наведените финансиски извори ќе можат набрзина да ги поддржат своите здравствени системи и претпријатија.

Фондот за солидарност на Европската унија (ЕУ) којшто е формиран за искористување при елементарни непогоди, ќе можат да се употребат и во итни состојби во врска со јавното здравје како што е Ковид-19.

Правилата за дозволи за летање (слот) на Европската унија (ЕУ) кон кои морат да се придржуваат авиокомпаниите ќе бидат суспендирани од 1 март до 24 октомври.

Овие наведени регулативи ќе стапат на сила на 1 април веднаш откако ќе бидат објавени во Службениот весник на Европската унија (ЕУ).



Слични вести