Бритиш ервејс ги откажа летовите од аеродромот Гетвик

Некои летови ќе продолжат од главната централа на аеродоромот Хитроу

1388265
Бритиш ервејс ги откажа летовите од аеродромот Гетвик

Британската авиокомпанија Бритиш ервејс соопшти дека поради мерките во борбата против новиот тип на коронаирусот (Ковид-19), ги откажа летовите од аеродромот Гетвик.

Во соопштението што беше објавено од страна на Бритиш ервејс беше истакнато следното:

„Поради значајните ограничувања, како и голем број авиокомпании привремено ја откажуваме нашата програма на летови од аеродромот Гетвик. Некои летови ќе продолжат од главната централа на аеродоромот Хитроу“.

Минатата недела управата на аеродромот Хитроу најави дека ќе го затвори едниот терминал.



Слични вести