Билансот од Ковид-19 во светот: Починаа повеќе од 36 илјади лица, а над 760 илјади се заразени

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири низ светот кадешто досега одзеде повеќе од 36 илјади животи, а над 760 илјади лица се заразени од смртоносниот вирус

1388030
Билансот од Ковид-19 во светот: Починаа повеќе од 36 илјади лица, а над 760 илјади се заразени
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya kovid korona.JPG
Koronavirüs ABD.2.jpg
Korona İspanya.jpg
korona virus ispanya

Човечките загуби од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигнаа до 38.748 лица, а се заразени над 800 илјади лица.

Заразата продолжува да се шири низ целиот свет.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Италија заедно со смртта на уште 812 лица во последните 24 часа, се зголеми на над 11 илјади лица, а бројот на случаите на зараза изнесува приближно 102 илјади лица. Според податоците за цивилна одбрана, досега во земјата се направени 477.359 тестови.

Соопштено е дека позитивен тест на Ковид-19 има и кардиналот Анџело Де Донатис кој во име на папата Франциск управува со Римската бискупија. Како што се истакнува Тој се наоѓа на лекување.

Во Шпанија во последните 24 часа починаа уште 849 лица со што вкупната бројка на смртните случаи се зголеми на 8.189. Министерството за здравство соопшти дека оваа бројка претставува најголем раст којшто е регистриран досега. Бројот на случаите на зараза од вирусот пак, со раст од уште 9.222 лица изнесува 94.417.

Во Франција бројот на починатите ја надмина бројката од 3 илјади лица. Во последните 24 часа починаа уште 418 лица и бројот на смртните случаи се зголеми на 3.024, а бројот на утврдените случаи на зараза на 44.560 лица. Француски надлежни соопштија дека поради епидемијата е откажан Автомобилскиот саем во Париз закажан за месец октомври. 

Човечките загуби од коронавирусот во Германија изнесуваат 583 лица меѓу кои се наоѓаат и 15 Турци, а бројот на случаите на зараза во земјата ја надмина бројката од 67.051 илјади лица. Во меѓувреме, и третиот направен тест на германската канцеларка Ангела Меркел е негативен на Ковид-19 откако Таа направи едноподруго тестови по контактот со нејзиниот лекар кој беше заразен од вирусот.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Велика Британија за еден ден се зголеми за уште 393 лица и достигна до 1.808. Бројот на случаите на зараза во земјата се искачи на 22.141 лице. Во вестите објавени во британскиот печат се тврди дека на оваа бројка ќе се додадат и починатите надвор од болниците така да вкупната бројка на смртните случаи во Велика Британија се очекува во значителна мера да се зголеми. Пред да се увиде влијанието на одлуката за делумен карантин и на другите преземени мерки во земјата, во наредните 2-3 недели се очекува бројот на случаите на зараза и на починатите да продолжи да се зголемува. Британскиот премиер Борис Џонсон претходно соопшти дека во писмото коешто ќе го испрати до секое семејство во земјата ќе истакне дека во епидемијата „работите пред да одат кон подобро ќе се влошат уште повеќе“.

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на починатите од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 657 лица и достигна до 3.170, а на слуачите на зараза на 164.359 лица. Во меѓувреме, по тешкиот биланс во Њујорк се предупредува дека следниот епицентар на епидемијата може да биде главниот град Вашингтон DC и околината. Во Вашингтон DC е издадена директива до народот поради епидемијата на Ковид-19 да „остане дома“.

Гувернерот на Мериленд Лери Хоган привлече внимание дека утврдените случаи на зараза во Вашингтон DC, Мериленд и Вирџинија кои се нарекуваат „DMV регион“ во последната недела се забележува за четири пати повисок раст и го достави следното преудпредување: „Вашингтон DC и околината наскоро би можеле да бидат новиот епицентар на вирусот.“ Хоган укажа на тоа дека ситуацијата постепено се влошува и дека по одредена точка би можеле да останат недоволни. „Сеуште сме на почетокот на оваа криза. Пред сѐ да оди кон подобро, најпрвин ќе се влоши до неверојатен степен.“ - рече Тој.

Во меѓувреме, билансот од епидемијата и во Њујорк е доста тежок. Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во оваа област изнесува над илјада лица. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо истакна дека бројот на случаите на зараза од коронавирусот во сојузната држава се искачи на 66.497 лица, а воедно го рече следното: „Како гувернер на Њујорк барам да ни дојдат на помош здравствените работници во целата земја. Ако немате криза во вашите сојузни држави ве молам да му дојдете на помош на Њујорк, ѝ ние ќе ви помогнеме вам.“

Како што се истакнува, во сојузната држава Њу Џерси животот го загуби еден војник заразен од коронавирусот и дека со тоа смртните случаи од ворусот  во армијата на САД се зголеми на 3 војници.

Како што се истакнува, и во затворите во Соединетите Американски Држави (САД) во последната недела биле позитивни на Ковид-19 и најмалку 230 затвореници и 130 вработени во затворите. Се вели дека во затворите нема доволна опрема за заштита и хигиена како ракавици, маски и средства за дезинфекција. Големите супермаркети во САД кои поради епидемијата којашто со секој поминат ден се повеќе се шири веќе одредено време се затворени, соопштија дека ќе ги испратат своите вработени на неплатен одмор.

Во Австралија бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 19, а на случаите на зараза на 4.514 лица.

Во Холандија, со смртта на уште 175 лица во последните 24 часа бројот на починатите од епидемијата Ковид-19 се искачи на 1.039, а на случаите на зараза со раст за уште 845 достигна до 12.595 лица.

Бројот на случаите на зараза во Швајцарија се зголеми на 16.176 лица.

Во Белгија во последните 24 часа починаа уште 192 лица и бројот на смртните случаи се зголеми на 705 лица, а воедно со дијагностицирање на нови 876 нови заразени бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во земјата се искачи н 12.775 лица. Во Белгија од новиот тип коронавирус  почина едно 12 годишно девојче.

Во Грција која брои 11 милиони жители бројот на човечките загуби се зголеми на 46, а на случаите на зараза изнесува 1.212 лица. Во земјата, имаше позитивен тест на коронавирус и една новопородена жена во едне од камповите за бегалци.

Во Бразил во последните 24 часа починаа уште 24 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 159, а на случаите на зараза на 4.579 лица.



Слични вести