Трамп: „Идната недела ќе почне употребата на тестот кој за 5 минути дава резултат“

Администрација за храна и лекови (ФДА) од оздравените лица ќе земе примероци на крвна плазма која содржи состојки против вирусот и ќе се користат во развојот и усовршувањето на нова вакцина

1387563
Трамп: „Идната недела ќе почне употребата на тестот кој за 5 минути дава резултат“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека од идната недела во целата земја ќе почне употребата на тестот кој за 5 минути дава резултат и дијагноза на новиот тип на коронавирусот (Ковид-15).

На прес конференцијата во Белата куќа претседателот Трамп се осврна на значајните мерки коишто се преземени во борбата против епидемијата на Ковид-19.

Трамп рече дека тестот за Ковид-19 кој дава резултати за 5 минути беше одобрен од страна на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), потенцирајќи дека почнувајќи од идната недела тестот ќе се применува во целата земја.

Трамп во продолжение рече дека ФДА од оздравените лица ќе земе примероци на крвна плазма која содржи состојки против вирусот и ќе се користат во развојот и усовршувањето на нова вакцина.

Тестот за воспоставување брза дијагноза претставува една од најзначајните алки во надминувањето на болеста, рече Трам и додаде дека на тој начин ќе можат да тестираат илјадници лица и да го спречат вирусот. Лекот „hydroxychloroquine“ кој се користи против маларијата и лекот „azitromycin“ беа тестрани над 1100 лица во Њујорк, подвлече Трамп.



Слични вести