Италијанскиот премиер Конте остро ја критикуваше ЕУ

Ветото на Германија и Холандија во врска со помошта што ја побараа јужните европски земји членки на ЕУ, ја ризикува иднината на ЕУ

1387660
Италијанскиот премиер Конте остро ја критикуваше ЕУ

Премиерот на Италија Џузепе Конте, земјата која најмногу потпадна под неоволното влијание на новиот тип на коронавирусо (Ковид-19) остро ја критикуваше ЕУ која сеуште на покажа „економска солидарност“ за излез од кризата.

Во изјавата за шпанскиот весник „Ел Паис“ Конте рече:

„Проблемот не е во излезот од кризата, туку излегување од кризата во најскоро време“.

Ветото на Германија и Холандија во врска со помошта што ја побараа јужните европски земји членки на ЕУ, особено Италија и Шпанија каде што преовладуваат смртните случаи од Ковид-19, ја ризикува иднината на ЕУ подвлече Конте.

Моментално Европа игра еден историски натпревар.

Ова не е економска криза која што повеќе влијае врз едните отколку врз другите. Тука нема никаква разлика во врска со инансиските системи. Ова е здравствена криза која се одрази на економски и социјален план. Ова е историски предизвик за цела Европа. Се надевам дека со силен и обединет европски дух, ЕУ ќе изнајде сили да ја надмине оваа ситуација. Ги ограничуваме уставните права на граѓаните, поради што Европа треба да покаже реакција за спречување на трагичните грешки“ рече Конте.

Некои земји не се свесни за ограничувањата кои е бидат предизвикани во економијата од оваа итна состојба, потенцирајќи дека покра тоа што навидум изгледа оваа состојба е ограничена само со Италија и Шпанија, не треба да се заборави дека наскоро ќе се одрази и врз сите земји членки на ЕУ.

Во случај ЕУ не успее да ја преброди оваа здравствена криза, тогаш неминовно ќе бидеме изложени на поголемото зајаканување на екстремните десничарски партии во Европа од денес“ подвлече Конте.



Слични вести