Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 700 илјади

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се зголеми за уште 33  илјади

1387318
Бројот на заразени од Ковид-19 во светот изнесува над 700 илјади

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се зголеми за уште 33  илјади, а на заразените над 700 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 756 и достигна 10 779. Од друга страна пак 102 годишната италијанка Италика Грондона во градот Џенова која успеа да го победи коронавирусот, стана ‘симбол на надежта.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Франција од Ковид-19 се зголеми за уште 292 и изнесува 2 606. Бројот на заразените се зголеми за уште 2 599 и изнесува 40 174 пациенти. Бројот на пациентите во интенизвното одделение се зголеми на 4 632, додека бројот на оздравени пациенти изнесува 7 132. Во меѓувреме Ковид-19 беше утврден кај илјада лица кои учествуваа на една миса во февруари во црквата Еванџжелик во градот  Милуз. Овие лица вирусот го пренесоа во различни градови на земјата, додека една медицинска сестра која исто така учествуваше на мисата заразила околу 250 здравствени работници. Медиумите истакнаа дека претседателот Емануел Макрон на 18 февруари престојувал во посета на градот Милуз.

Претседателот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер кој се бави со истражувања во сферата на заразните болести во Германија рече дека болниците треба да се подготват на најдобар начин. Капацитетот на леглата во интензивните одделенија и клиники треба да се зголеми најмалку за два пати.

Бројот на смртните случаи во Британија за само еден ден се зголеми за уште 209 и изнесува 1228, додека бројот на заразените се зголеми за 2 433 и изнесува 17 089 пациенти. Заменик директорот за национално здравство Џени Хариес предупреди дека во претстојните две недели се очекува зголемување на смртните случаи, поради што треба да се зголемат мерките, а дури потоа постои веројатност за намалување.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во САД се зголеми за уште 480 и изнесува 2 191. Само во Њујорк, бројот на заразените се зголеми за 7 195 и изнесува над 60 илјади. Припадниците на полицијата потпаднаа под сериозно неповолно влијание на Ковид-19. Досега кај над 690 полицајци беше утвден Ковид-19. Во меѓувреме починаа двајца од заразените полицајци кои беа префрлени на лекување во болница. Претседателите на Управата на полицијата, шерифите и пожарникарската служба му испратија заедничко писмо на претседателот Доналд Трамп во кое доставија барање за примена на Законот за одбранбено производство кој беше применет во периодот на Корејската војна.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Австралија се зголеми за уште 16 и изнесува 3 969 лица.



Слични вести