Во 2019 година во Германија се извршени 871 напад врз муслиманите

Германскиот весник „Оснабрукер Цајтунг“ напиша дека во одговорот на германската Влада даден на доставениот предлог на Левичарската партија се истакнува дека во 2019 година се регистрирани 871 извршен напад врз муслиманите и нивни институции и организации

1386855
Во 2019 година во Германија се извршени 871 напад врз муслиманите

Во 2019 година во Германија се извршени 871 напад врз муслиманите и институции и организации на муслиманите.

Според веста на германскиот весник „Оснабрукер Цајтунг“, во одговорот на германската Влада даден на доставениот предлог на Левичарската партија се истакнува дека во 2019 година се регистрирани 871 извршен напад врз муслиманите и нивни институции и организации во земјата.

Во овие напади загинаа 2 лица, а 33 лица се ранети.

Пратеничката во германскиот Федерален Парламент Бундестагот од Левичарската партија Ула Јелпке истакна дека вклучувајќи ги и задоцнетите известувања од страна на германските служби се претпоставува дека бројот на антиисламските напади ќе се зголеми за уште 10 до 90.

Јелпке рече дека омразата кон муслиманите се појавува преку закани, напади и навреди врз нив.

Германското министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека и во 2018 година се извршени 910 антиисламски кривични дела.

 



Слични вести