Русија го изнесе тврдењето дека откриле метода за лекување на Ковид-19

Федералната Биомедикална Агенција (ФМБА) соопшти дека е развиена метода во лекувањето на Ковид-19 при што ќе се употребува лекот Мефлокин

1386941
Русија го изнесе тврдењето дека откриле метода за лекување на Ковид-19

Русија го изнесе тврдењето дека откриле нова метода за лекување на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Во соопштението кое беше објавено од страна на прес-службата на Федералната Биомедикална Агенција (ФМБА) беше истакнато дека е развиена метода во лекувањето на Ковид-19 при што ќе се употребува лекот Мефлокин.

Во соопштението беше истакнато тврдењето дека лекот ќе овозможи лекување на заразените пациенти од Ковид-19 на различни нивоа.

Лекот со висока селективност го намалува клеточното оштетување во  клеточната култура и го спречува ширењето на вирусот.

Имуносупресивниот ефект на Меклофинот го спречува активирањето на воспалителната реакција чија причина е вирусот. Додавањето на макролидните антибиотици и синтетички пеницилини, не ја спречува само секундарната бактериска инферкција, туку истовремено ја зголемува концентрацијата во белите дробови и крвната плазма против вирусот.



Слични вести