Ковид-19: Бројот на починатите во Иран изнесува над 2.500 лица, а над 35.000 се заразени

Во Иран кадешто по Италија, Шпанија и Кина има најголем број жртви во последните 24 часа со уште 139 починати бројот на човечките загуби се зголеми на 2.517, а на заразените на 35.048 лица

1386854
Ковид-19: Бројот на починатите во Иран изнесува над 2.500 лица, а над 35.000 се заразени
iran.jpg
iran koronavirus.jpg
iran koronavirus.jpg
KUM KENTİ İRAN.jpg
iran ambulans.jpg

Бројот на заразените лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави во градот Вухан во киенската провинција Хубеј и оттаму за кусо време со голема брзина го зафати целиот свет, изнесува над 664 илјади лица, додека животот го загубија повеќе од 30.890 лица.

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.300 лица, а на случаите на зараза на 81.439. Бројот на дијагностицираните пациенти од Ковид-19 кои се излекувани и отпуштени од болница пак, изнесува 75.448 лица.

Во Иран бројот на човечките загуби се зголеми на 2.640, на случаите на зараза на 38.309 лица, а досега се излекувани и отпуштени од болница 12.391 лице.

Во населеното место Ѓунабад во провинцијата Резеви Хорасан е утврден нов тип на коронавирус (Ковид-19 кај 35 годишно бебе.

Новиот тип коронавирус во Иран беше забележан за прв пат на 19 февруари во градот Кум. 

Во Катар е регистриран првиот случај на смрт од коронавирус, бројот на случаите на зараза се зголеми на 590, а се излекувани 45 лица.

Бројот на починатите во Русија се зголеми на 8, а на заразените на 1.534 лица. Руската влада донесе одлука за привремено затворање на копнените и железничките гранични премини почнувајќи од 31 март.

Во Израел се утврдени 13 случаи на смрт, а бројот на заразените од Ковид-19 се зголеми на 3.865. Во меѓувреме, се тврди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал респираторни апарати од Германија, но дека германската канцеларка Ангела Меркел го одбила ова негово барање.

Бројот на починатите во Молдавија се зголеми на 2 лица, а на случаите на зараза на 231.

Во Ирак кадешто има 43 починати е соопштено дека меѓу 506-те заразени лица се наоѓа и Велид ел-Халу, висок советник на ирачкиот министер за трговија Мухамед Хашим ел-Ани. Во градот Киркук, во рамките на мерките против новиот тип коронавирус забраната за излегување на улица е продолжена до 11 април.

Во Тунис досега се регистрирани 8 смртни случаи и 278 случаи на зараза.

Во Палестина се дијагностицирани уште 6 лица и бројот на заразените од вирусот се зголеми на 104.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Алжир се зголеми на 29 лица, а на заразените на 454.

Претставникот на Дирекцијата за епидемиологија на министерството за здравство на Мароко Мухамед ел-Мурабит во дадената изјава за печатот соопшти дека бројот на починатите од Ковид-19 во земјата се зголеми на 24, а на случаите на зараза на 359 лица. Тој воедно истакна дека 11 заболени се излекувани.

Јорданскиот министер за здравство Саад Џабир на одржаната прес конфреенција истакна дека е утврден вирус уште кај 11 лица и дека вкупнот број на случаите на зараза во земјата се искачи на 246.

Владата на Национално единство на Либија соопшти дека бројот на случаите на зараза од вирусот во земјата се зголеми на 3 лица.

Египетското министерство за здравство соопшти дека бројот на починатите од Ковид-19 во земјата се зголеми на 36 лица, а со уште нови 40 дијагностицирани вкупниот број на заразените изнесува 576. Министерството истакна дека досега се излекувани 121 лице. Во Египет, поради епидемијата на новиот тип коронавирус се ставени под карантин некои градови и села во 10 губернии во земјата. 

Во Маезија од вирусот починаа 27 лица, а 2.320 мина се заразени. Безбедносните сили ги ставија во примена беспилотните летала за надгледување на состојбата дали народот се придржува кон донесената делумна забрана за излегување на улица, против епидемијата на коронавирусот.

Во Того и Мали се регистрирани првите смртни случаи од Ковид-19.

На континентот Африка во 46 земји се утврдени 2.500 случаи на зараза од Ковид-19, а животот го загубија повеќе ид 75 лица. 214 лица пак заразени од вирусот  се излекувани. Во Народна Република Конго, во рамките на преземените мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус е прогласена итна состојба и делумна забрана за излегување на улица.



Слични вести